18 Декември, 2025
0.0397

„АНГАЖИРАНИ СЕ АКРЕДИТИРАНИ ЛАБАРАТОРИИ ЗА МЕРЕЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ“: Меџити за загадувањето најавува целосна транспарентност

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2025 12:15

Добивај вести на Viber

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на прес-конференција рече дека фирмата во која настана пожар во Трубарево имала важечка дозвола за рециклирање на отпад.

Тој воедно дополни дека се мери загаденоста на воздухот, а исто така ќе се земат и мостри од почва за да се утврди дали има и колкаво е загадувањето на земјата. 

- Објектот во Трубарево поседува важечка дозвола за управување со отпад во 2021 година, со важност до 2031 година. 

Со целосна транспаретност веднаш ангажиравме акредитирани лабаратории за мерење на квалитетот на воздухот, како од државниот инспекторат, така и од надворешни специјализирани тела. 

Државниот инспекторат за животна средина во 13:30 часот се упати на лице место на објект кој го користи „Ф“ групација во Трубарево. 

Беа извршени мерења од акредитирана лабораторија за животна средина „Еуромак контрол“ Скопје, и поставен е 24 часовен мерач за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух. 

На теренот беше и посебна единица на АРМ и извршија радиобиолошко и хемиско мерење. Ќе се извршат дополнителни мерења во следните пет дена. 

Денеска е почнат инспекциски надзор во кој ќе бидат одземени сите документи. По завршување на надзорот ќе бидат преземени сите мерки, ќе се земат и мостри од почва за да се утврди колкаво е загадувањето. Ќе бидеме транспаранетни до крај. 

Ова е трет пожар во депонија во Скопје за краток период. Очекуваме причинителите да бидат јавно објавени и казнети - изјави Меџити.

Министерот укажа дека борбата со пожарот траела повеќе од 15 часа.

Воедно укажа дека денеска Амбикон – акредитираната лабораторија за животна и работна средина од Штипскиот универзитет ќе изврши дополнителни последователни мерења во наредните пет дена со поставување посебен станичен инструмент.

- Денеска е почнат административен инспекциски надзор кај правниот субјект од кој ќе бидат земени сите потребни документи. По звршување на надзорот ќе бидат преземени сите мерки – земање мостри од почвата, ќе биде нарачано вештачење за утврдување на точноста во колкава мера било загадувањето врз животната средина.

 Државните институции понатаму ќе останат на терен и ќе продолжат да работат се додека не се расветлат сите аспекти на случајот. Ќе бидеме транспарентни до крај, вашата безбедност е наш приоритет - рече Меџити.

На новинарски прашања дали се знае какви материи се шират во воздухот, што дише населението и кога ќе има резултати, одговори дека денеска ќе се знаат и „за се ќе биде известено детално и транспарентно“. 

Негираше дека фирмата што го управувала отпадот била сместена во куќа, туку дека имало хали и има дозвола до 2031 година. 

На прашањето дали чувствува одговорност што после полноќ и без присуство на медиуми дошол на местото на настанот и снимил изјава, Меџити одговори дека цело време бил во тек и „на линија со министерот за внатрешни работи“, иако, рече, МЖСПП не е дел од Управувачкиот комитет за справување со кризи.

- Но, тоа не значи дека не сме биле уште од првиот момент. Инспекторатот за животна средина, како што кажав во говорот, веднаш пристапил кон местото и акредитираните лаборатотии во Министерството, како и други акредитирани лабориотии, цело време вршат мерења. Тоа што не бев на прес-конференцијата, не сум бил дел од Комитетот, но постојано сме во тек, одговори Меџити.

Во однос на пожарот во Дрисла, рече дека „и таму од првиот момент има контроли“.

Фото: Архива

Можеби ќе ве интересира

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето