Ангел Џамбаски: Македонија без Бугари, оган да ја гори!
Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2020
Нова провокација има од бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски.
Тој поттикна многу коментари со негова објава на Твитер.
„Македонија без Бугари, оган да ја гори!“, пишува Џамбаски.
Премиерите Зоран Заев и Бoјко Борисов копреседаваа денеска на конференцијата во рамки на Берлинскиот процес која се одржа денеска во Софија. Германската канцеларка Ангела Меркел во видео обраќање им заблагодари за успешниот настан.
Неизвесно е дали Македонија ќе ги почне преговорите со ЕУ. Бугарија се заканува со блокада. Источниот сосед го спори македонскиот јазик, и за народот исто така бара да се признае дека има бугарски корени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.