РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2024
Северна Македонија мора да направи конкретен чекор, но и ЕУ да сфати дека проширувањето има геополитичка димензија, вели хрватскиот европратеник Карло Реслер, кој е и претседавач на Заедничкиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија.
Додава дека во услови кога геополитиката е променета, нема место за билатерални уцени. Тој смета дека треба да се препознае овој геополитички момент за шесте земји од Западен Балкан и да се работи напорно следните пет години за нивно пристапување во ЕУ, јави известувачот на МИА од Стразбур. Ја спомена и руската агресија на Украина, која трае веќе три години.
Вели дека сите други држави од Западниот Балкан мораат да го искористат тоа што им се дава. Тој фактор, нагласува тој и тоа како е во корист на Северна Македонија, но исто така е јасно дека внатре во земјава како и во другите држави членки од Западен Балкан мора да одиграат уште многу важни процеси во сферите на политиката, владеење на правото, економијата и тоа се важни чекори кои земјава мора да ги изоди, со цел да биде во целост подготвена за членство во Европската Унија.
Како што Германија и беше „спонзор“ на Хрватска во нејзиното членство во ЕУ, а сега Италија е на Албанија, Реслер рече дека Хрватска може да биде државата којашто ќе може да го поттурне пристапувањето на државава во ЕУ.
„Независно од тоа каква беше ситуацијата и кога Хрватска пристапуваше кон ЕУ, јасно е дека Хрватска е држава која е пријателски расположена према Северна Македонија, која можеби најдобро може да ја разбере и фрустрацијата, но и потешкотиите коишто произлегуваат од практично 20 години различни блокади, различни политички недоразбирања или судири и дека може, како што и сега работи со премиерот Андреј Пленковиќ да биде една од оние држави-членки на ЕУ која ќе се залага за разумно, но исто така ќе се залага и за сфаќањето дека пристапувањето на Северна Македонија е од интерес не само за југоистокот на Европа, не само во интерес на Хрватска, туку е навистина и во интерес на целата ЕУ“, изјави Кеслер.Тој вели дека е свесен оти постојат и други билатерални прашања кои го нарушуваат патот на Северна Македонија кон ЕУ.
„Според некои искуства што ги имавме досега, па и од хрватскиот пристап кон ЕУ, Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор, може да биде фацилитатор на таков разговор, но јасно е и дека со една парламентарна димензија можеме да се обидеме да дојде до релаксирање на таквите односи“, изјави тој.
Бугарија бара Македонија да ги внесе Бугарите во Уставот за да продолжи по европскиот пат, во спротивно ќе блокира. Бугарија и претходно ја блокираше Македонија. Албанија веќе ги почна преговорите со ЕУ.
За бугарскиот технички премиер Димитар Главчев прашањето со Македонија „е решено“, во контекст на тоа дека уставните измени со одложено дејство би биле неприфатлив предлог за бугарската страна.фото МИА
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.