Aнгелов: И Слободан Милошевиќ покажа заби, ама му ги скршија
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2023
И Слободан Милошевиќ покажа заби, ама му ги скршија, кажа директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов вечерва во Само вистина на Канал 5 за состојбата во 2001 година во Македонија и за тоа кој победил. Ангелов вели дека македонските вооружени сили биле надмоќни, но на масата каде се преговараше беше поинаку.
Поранешниот амбасадор Ристо Никовски кажа дека работите биле диригирани од надвор и направи споредба со сегашната состојба во Украина. Ангелов верува дека денес бројот на Албанци кои би сакале да се војуваат е мал. Според него, правата кои Албанците ги добија во земјава со конфликтот, ќе ги добиеја по мирен пат по извесно време.