19 Декември, 2025
0.0587

Ангеловска-Бежовска: Банкарскиот систем и курсот на денарот се стабилни

Објавено во: Економија 23 Април, 2022 09:37

Добивај вести на Viber

Ревизијата на економскиот раст на земјава од 4,2 на 3,2 отсто што ја објави ММФ е поради војната во Украина, вели гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими учествува на пролетните средби на ММФ и Светска банка.

– ММФ ги објави најновите проекции со кои се обидува да ги процени економските ефекти од војната во Украина. Во тој контекст, се прави надолна ревизија, и таа се очекува кај сите земји, вклучително и за Македонија. Глобалниот економски раст по солидната стапка на раст од 6,1 отсто лани, оваа и наредната се предвидува на 3,6 отсто, што е значајно успорување. Во однос на бројките за нашата економија, исто така се прави надолна ревизија од 4,2 проценти на 3,2 отсто за оваа година, а за наредната 2,7 отсто. Овие бројки се слични и со регионот на Западен Балкан, изјави Ангеловска-Бежоска за Гласот на Америка.

Таа посочува дека во тек се и макроекономски проекции, кои ги изготвува Централната банка.

– Ние со последниот сет на макроекономски проекции, што датираат од октомври минатата година, очекувавме раст од 3,9 отсто за оваа година, но со оглед на новонастанатиот шок и ризиците поврзани со тоа, тековно работиме на нови проекции, и постои голема веројатност дека ќе има надолна ревизија, вели Ангеловска-Бежоска.

Таа уверува дека банкарскиот сектор е стабилен и подготвен да одговори на предизвиците.

– Банкарскиот сектор има доволен капацитет, и да ја задржи својата стабилност и да му помогне на економскиот сектор за полесно да се справи со последиците од овој шок. Кредитниот раст изнесува 9 проценти, при што кредитната поддршка на корпоративниот сектор е 10 отсто, а на населението некаде околу 8 проценти. Важно е во вакви ситуации кога глобалната и домашната економија се соочуваат со ваков шок, банкарскиот сектор за остане здраво ткиво во економијата, посочува гувернерката.

Според неа, не треба да постои никаква загриженост и во однос на стабилноста на девизниот курс.

– Централната банка веќе повеќе од две децении успешно  ја одржува стабилноста на курсот на денарот, во однос на еврото, вклучително и во многу кризни епизоди, со кои што сме се соочувале, што е јасна потврда за капацитетот и адекватниот инструментариум, кој што го има Централната банка, истакнува Ангеловска-Бежоска.


МИА

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии