24 Ноември, 2024
0.0289

Ангеловска: Фазата на закрепнување ќе започне наскоро

Објавено во: Економија, Корона Вирус 28 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Министерката за финансии Нина Ангеловска, која е една од првите 7 амбасадорки за е-трговија во светот, на УНКТАД (тело на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој), денес учествуваше на панел од високо ниво во рамки на Неделата на е-трговија УНКТАД. Ова е водечки форум на кој учествуваат министри, високи владини претставници, извршни директори, меѓународни организации, банки за развој, експертска и невладина јавност, за да разговараат за можностите за развој и предизвиците поврзани со дигиталната економија. Оваа година поради Covid-19 кризата се одржува виртуелно. 

Во рамки на овој форум се адресираат повеќе теми како: дигитални економии во реално време; како да се заштитат потрошувачите и какви напори преземаат надлежните за ублажување на негативните ефекти на пандемијата; иновации, сопственост на податоци и интелектуална сопственост; улогата на компјутерската безбедност и приватноста во дигиталниот и е-трговскиот простор.

Во рамки на панелот “Empowering women digital entrepreneurs for resilient economies“ на кој учествуваше министерката за финансии, учествуваа и заменик-генералната секретарка на УНКТАД Изабел Дурант, амбасадорката и постојан претставник на Мисијата на Кралството Холандија во Обединетите нации Моник Ван Дален, амбасадорка на е-трговија, основач и извршен директор на Квиккеш Патриша Зунди Јао, ко-основач на ПејДуниа Јума Динг Фол и од македонската асоцијација за е-трговија Марија Ристовска.

На панелот беше зборувано дека дигитализацијата создава нови можности за жените во земјите во развој. Сепак, овој потенцијал сè уште не е целосно искористен од причини поврзани со родова пристрасност, недостаток на застапеност, нееднаков пристап до Интернет и ограничени дигитални вештини итн. 

Министерката за финансии Ангеловска во своето обраќање истакна дека дигитализацијата сега во време на пандемија и глобална здравствено-економска криза добива нова перспектива.

-Со рестриктивните мерки за заштита на здравјето на нашите граѓани, истовремено преземаме мерки за да го олесниме работењето и новите начини на работа - е-фактури, електронски документи и сл. Во текот на март бројот на нови е-продавници на македонскиот пазар е скоро ист како и бројот на новоотворени е-продавници во текот на целата 2019 година. Онлајн продавниците за намирници сега имаат повеќе од 8-10 пати поголема продажба ... нема сомнение дека сега е вистинско време дигиталната економија и електронската трговија да го покажат својот потенцијал. Навиките ќе се менуваат, ќе се зголемува употребата на платежни картички и е-банкарство, разговараме да се поттикне финтек, да се стимулираат плаќања без готовина итн. Верувам дека е јасно дека светот нема да биде ист по ова - откако животот ќе започне да се враќа во нормала. Ако  до сега велевме дека поради технологиите светот се менува побрзо од било кога, сега оваа криза верувам дека уште повеќе ќе го стави тоа брзо темпо во 5та брзина - рече Ангеловска.

Таа посочи дека зависи од владите, претприемачите, жените од целиот свет - дали и колку светот ќе биде подобар и попаметен по кризата со корона, како и дека компаниите ќе ги менуваат своите процеси, деловни модели, некои ланците на снабдување ќе се реконструираат. 

-Фазата на закрепнување ќе започне наскоро - и сакам да ве оставам со порака дека улогата на жените и на трансформативното претприемништво за време на фазата на закрепнување ќе биде поголема од кога и да било - рече Ангеловска.

Инаку е-трговија за жени е иницијатива предводена од УНКТАД поддржана од Владата на Холандија. Целта е да ги инспирира, поддржува, поврзува и да им даде глас на дигиталните претприемачи жени во земјите во развој и на крајот да ги направи сила за инклузивно создавање богатство во нивниот регион.

Во нашата земја во октомври минатата година беше одржан првиот мастерклас во светот за е-трговија за жени.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна