Ангеловска: Над 187.000 граѓани со домашните платежни картички потрошиле 10.7 милиони евра
Објавено во: Економија, Корона Вирус 10 Јули, 2020
Mинистерката за финансии, Нина Ангеловска информира дека повеќе од 187.000 граѓани со домашните платежни картички потрошиле 10.7 милиони евра, преку над 660.000 реализирани трансакции.
Додава дека заклучно со 8 јули има 187.768 активни картички.
„За 3 недели околу 11 милиони евра се вбризгани во економијата преку зголемената потрошувачка од граѓаните со домашната платежна картичка и со тоа: се поддржуваат македонските производи и услуги, се поддржуваат граѓаните, се поттикнува економската активност. Исто така, расте и безготовинското плаќање, а со тоа се влијае и на намалување на сивата економија. Најмногу со картичките се пазари во супермакетите, или согласно податоците кои ги добивме од дел од банките преку 90% од транскациите се таму. Во меѓувреме, во тек е втората фаза на разгледување на приговорите. Дел од граѓаните досега добија одговори, па и картички за уважените приговори, а дел од граѓаните допрва ќе добијат“, вели Ангеловска.
Овие картички се со цел да се ублажи ударот од пандемијата на коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.