19 Декември, 2025
0.2148

Анѓушев: Да се градат електрани од различни обновливи извори, а решение за вишоците струја се Чебрен, батерии и водород

Објавено во: Мои пари 01 Февруари, 2023 09:53

Добивај вести на Viber

Заинтересираните за изградба на електрани од обновливи извори треба да инвестираат во различни извори, а не само во фотоволтаици, порача претседателот на Македонската енергетска асоцијација, Кочо Анѓушев, на дебатата за енергетика што се одржа за време на годишната конференцијата во организација на Владата на Република Северна Македонија.

,,Треба да се водиме според ,,Стратегијата за енергетика до 2040-та година”. Во неа стои дека во инвестирањето во обновливи извори треба да се оди плански и стратешки. Односно, да се инвестира и во електрани на сонце, но и во електрани на ветер, на биогас, вода итн. Причината е што обновливите извори, а пред се тука се мисли на ветерот и сонцето, произведуваат електрична енергија во ист временски период кај сите електрани и со тоа настанува наплив на енергија во системот. Затоа мора да има диверзификација, за да нема целосно производствено поклопување”- нагласи Анѓушев.


Според Анѓушев, проблемот со наглото зголемување на производство на електрична енергија од обновливи извори е прашањето како и кога таа енергија да се искористи, односно или веднаш да влезе на мрежа или да се складира за одложено користење. Државата мора да има спремен одговор, кој од сега треба да се подготвува.

,,Добар одговор е Чебрен, кој е планиран да се изгради како реверзибилна хидроелектрана со повторно искористување на водата за балансирање на системот; потоа да се уреди можноста за користење батериски системи за складирање на електричната енергија и како најиновативен пристап - вишокот електрична енергија да се претвора во водород и како таков да се складира”- подвлече Анѓушев.


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии