28 Ноември, 2024
0.8039

АНЃУШЕВ ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА СО ПОРАКА ОД АТИНА: Потребни се технички решенија, а не административни

Објавено во: Економија 18 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Кризата со електричната енергија и целата енергетска транзиција може да се реши со технички решенија, а не со административни, изјави сопственикот на ФЕРОИНВЕСТ и поранешен вицепремиер за економија, проф. д-р Кочо Анѓушев, на Форумот за енергија во Атина, организиран од Енергетската заедница.

Според Анѓушев, техничките решенија треба да овозможат производството на електрична енергија од обновливи извори да биде организирано така што енергијата ќе биде достапна тогаш кога е барана и кога има потрошувачка за неа.

Непланското градење електрани од обновливи извори, односно градење само на електрани на сонце, што е појава во регионот, но и низ цела Европа,  нема да може да ја замени електричната енергија од термоелектраните, кои во иднина треба да се напуштаат.

За да има вистинска енергетска замена, потребни се електрани на сонце, ветер, вода и биогас, како и поставување на големи батериски системи за складирање, за да може електричната енергија од обновливи извори која се произведува само во одредени периоди на денот, правилно да се распореди до потрошувачите во текот 24-те часа, порача Анѓушев пред присутните енергетски чинители од регионот и Европа, вклучително од Енергетската заедница од Виена и од Европската комисија.

Секоја држава треба стратегиски да ги води изградбите на новите електрани, а на инвеститорите да им го олесни, некаде и законски да го реши, поставувањето на батерии за складирање на вишоците електрична енергија, и во овие делови Анѓушев го гледа придонесот на административните мерки, односно како поддршка на техничките решенија.

Фероинвест

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Трамп со најавите за зголемени царини дополнително „ја надува“ рекордно високата цена на кафето

Трамп со најавите за зголемени царини дополнително „ја надува“ рекордно високата цена на кафето

МИЦКОСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА НАБАВКАТА НА АВТОБУСИ: Кога ќе почне нивното отплаќање?

МИЦКОСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА НАБАВКАТА НА АВТОБУСИ: Кога ќе почне нивното отплаќање?

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

Нови средства за зелени проекти - Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

Нови средства за зелени проекти - Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика