Англиски за ТОЕФЛ ќе се полага во Тетово, сертификатот чини 70 евра
Објавено во: Мои пари 12 Февруари, 2013 19:19
Со потпишување на Меморандум за соработка, меѓу Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и ЕТС Глобал од Албанија, универзитетот доби право да прави испити по англиски јазик и да ги издава меѓународно признените сертификати ТОЕФЛ.
За сертификат ќе може да полагаат не само за студентите, туку и за сите други заинтересирани граѓани кои имаат потреба од документ за познавање на англискиот јазик, посочи заменик министерот за образование Сафет Незири кој присуствуваше на потпишувањето на меморандумот. ЕТС Глобал е меѓународна организација за тестирање, која има лиценца за спроведување тестови како ТОЕФЛ, ТОЕИК и ГРЕ. „Со ТОЕФЛ што е стадардизиран тест можете да го докажете вашето познавањена англискиот јазик во сите облици ма комуникација што е многу важно за вашата професионална кариера. Преку инструментт ТОЕФЛ им се овозможува на предавачите да ги тестираат студентите во согласност со нивните знаења и компетенции бидејќи тие имаат различни знаења и нивоа на познавање на сегменти од јазикот. За сите различни вештини што се тестираат има соодветна скала. Важна е глобалната перспектива односно кандидатот се здобива со сертификат за познавање на меѓународно сттандардизираниот англиски јазик а не некоја од варијантите - британски, американски, австралиски или слично,“ изјави директорката на централата на ЕТС Глобал, Лизеила Мартијин. Тестирањата се состојат од четири дела, читање, слушање, говорење и пишување. Цената што заинтересираните треба да ја платат за полагање на тестот за ТОЕФЛ и ТОЕИК е 70 односно 140 евра.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





