20 Декември, 2025
0.2525

АНИМА МУНДИ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА НИВНАТА ОСНОВАЧКА, ВЕГАНКАТА ПЕШЕВСКА СТАНАЛА ДИРЕКТОРКА - ова е прв пат да се назначи активист за директор на јавно претпријатие

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2022 19:45

Добивај вести на Viber

Анима Мунди се пофали дека нивната основачка Радмила Пешевска станала директорка на ЈП Лајка. 

„Активисти, љубители на животни, хумани и чесни граѓани!

Ве информираме дека Радмила Пешева, веганка, активистка за правата на животните, основач и потпретседателка на Анима Мунди, денес од страна на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е назначена за в.д. директорка на ЈП Лајка.

Радмила Пешева е носечки активист за правата на животните од нашето основање во 2009 година, борец кој не се откажува, сопственик/вдомувач на повеќе животни, сите стерилизирани, спасени од улица. Знае дека животните се свесни, интелигентни, чувствителни живи битија, а не комунален смет кој грубо треба да се отстрани; третманот на бездомните животни беше и остана нашата примарна борба.

Ова е прв пат да се назначи активист за директор на јавно претпријатие кое е директно одговорно за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување на систем за контрола на нивната популацијата, за што ѝ благодариме на довербата на градоначалничката Данела Арсовска.

Пред сè, ова е огромна одговорност и предизвик, особено во услови на повеќе од ограничени финансиски ресурси и криза“, се вели во соопштението на фејсбук страницата на Анима Мунди.

Денеска беа објавени имињата на новите директори.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки