АНКЕТА: Германските компании во странство ги чувствуваат во целост последиците од пандемијата
Објавено во: Економија, Корона Вирус 23 Април, 2020 16:59
Минатата недела Германската комора за индустрија и трговија (ДИХК) ги претстави резултатите од World Business Outlook анкетата (пролет 2020), која се спроведе помеѓу германските комори во светот. Добиените резултати покажуваат дека германските компании во странство ги чувствуваат во целост последиците од пандемијата на корона вирусот.
Сите релевантни истражувања кои се спроведени до сега се разликуваат во однос на степенот на претстојниот пад во стопанството во нивните земји. Прогнозите се менуваат секојдневно и се одраз на фактот дека во моментов сè уште ситуацијата не е јасна.
За да се спречат последиците од економската криза споредливи со онаа од 1929 година, Владите во САД, Германија, но исто така и во Северна Македонија презедоа силни мерки за јакнење на компаниите и не ги повторија грешките направени со водење на политика на штедење кои беа направени во 1929 година. Особено е важно да се поддржат компаниите кои се важни за системот, како и компаниите кои се поставени на здрава основа.
Одржливото закрепнување на економијата, нема потреба само од терапија која што ќе делува веднаш, туку има потреба и од чувство за пропорција „Вклучување на државата што е можно помалку, вклучување на државата онолку колку што е потребно“. Откако компаниите ги поздравија мерките за поддршка на стопанството, треба да стремат кон што е можно поскоро враќање со полна снага на пазарот.
На прашањето за последователните трошоци како резултат од користењето на мерките за поддршка на стопанството кое си го поставуваат сите компании, треба да се одговори што поскоро и транспарентно. Како последица од настанатата криза со корона вирусот, веќе може да се каже дека ќе има промени на пазарот на трудот во Германија, но и Северна Македонија. Со зголемувањето на невработеноста во Германија, емиграцијата од Северна Македонија во Германија истовремено ќе се намали. За компаниите во Северна Македонија, ова значи дека достапноста на работната сила може да се зголеми индиректно.
Стручната анализа изготвена од нашата канцеларија на тема: „Обновливи енергии и енергетска ефикасност во индустријата во Северна Македонија“ беше објавена во понеделник, 20.03.2020 год. Со растот на слободните економски зони во Северна Македонија и заживувањето на старите индустриски објекти, се појавуваат интересни можности за германските компании.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





