18 Декември, 2025
0.0631

Анкета на ИПСОС покажа водство на ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ велат дека тоа се нарачани анкети

Објавено во: Македонија 15 Мај, 2022 15:17

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ покажува анкетата на агенцијата ИПСОС. 

ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ изработи теренска анкета на јавното мислење на 1.000 испитаници за периодот од 6 до 26 април 2022 година. Анкетата се однесува на повеќе актуелни прашања.

За ВМРО-ДПМНЕ, доколку утре се одржат парламентарни избори, би гласале 22 отсто од испитаниците, а  за СДСМ 12.9 отсто. ДУИ има поддршка од 6.2 отсто од анкетираните, Левица од 5.4 отсто, додека зад нив се Алијанса за Албанците со 2.8 отсто, БЕСА со 2 и Алтернатива со 1.3 отсто. Повеќе од 10 отсто од испитаниците изјавиле дека нема да гласаат на наредните избори, 15,8 отсто од нив одбиле да одговорат.

Лошиот стандард, ниските плати и пензии, високите цени се најзначајните проблеми за анкетираните, бидејќи над 20 отсто од нив го заокружиле токму ова поле.

Од СДСМ велат дека целата македонска јавност имаше можност да види како се спроведуваат анкетите коишто се по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ. 

„Но, како и да е ова е уште еден доказ за паниката кај Христијан Мицкоски и неговата нервоза поради фактот дека секојдневно неговиот рејтинг опаѓа, соочен со фактот дека и фотелјата во белиот дворец не е сигурна и соочен со фактот дека изборите кои ќе се одржат 2024 година дефинитивно тој ќе ги загуби“, велат од СДСМ. 

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ неодамна побара одржување на вонредни избори. 

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми