АНКЕТА: Претпријатијата очекуваат дека неповолните економски трендови од март ќе продолжат и во април
Објавено во: Економија, Корона Вирус 20 Март, 2020
Околу 8% (1.092 лица) од вкупниот број на вработени на анкетираните компании не одат на работа согласно иницијалните мерки на Владата. Кај 54 претпријатија отсутни се до 10 вработени, кај 21 претпријатие од 11 до 20 вработени, кај останатите бројот е поголем.
Зоран Јовановски, советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија презентираше податоци од анкетата што Стопанската комора ја реализираше во периодот од 13 до 17 март со 115 компании.
„Анкетираните компании ги споделија своите видувања за три работи: Импликациите, финансиски и други, врз нивното работење од иницијалните мерки на Владата (еден родител на мало дете и лица во дефинирани ризични категории да не одат на работа и сл., режим на работа / затворање на угостителски објекти, обложувалници и сл.) заклучно со 15 март. Очекуваните импликации во периодот од 15 март до 15 април (под претпоставка дека иницијалните мерки остануваат). Предлог мерки за надминување на кризата (предлозите се агрегирани и заедно со предлозите на други комори во обединет документ се доставени до Владата)“, вели Јовановски.
Податоците за периодот од 15 март до 15 април се од индикативна природа, бидејќи компаниите имаат потреба од повеќе време за правење интерни анализи. Генералната оценка е дека анкетираните претпријатија очекуваат дека неповолните економски трендови од март ќе продолжат и во првата половина од април.
„На прашањето за бруто финансискиот издаток за сите лица што отсуствуваат одговорија 66 компании, и износот варира, на долната граница кај 24 компании издатокот е до 120.000 денари, а на горната граница, кај 15 претпријатија е од 360 до 900 илјади денари и кај 8 претпријатија од 900 илјади до 4,5 милиони денари. Во новонастанатите околности со отсуствата, 60% од анкетираните претпријатија сметаат дека отсуствата наметнуваат потреба од реорганизација на работењето (реорганизација на сменско работење и сл.). Притоа, 35% од анкетираните сметаат дека имаат дополнителни трошоци поврзани со реорганизацијата. Во однос на последиците од раскинати договори и трошоци заради отежнат транспорт при увоз и извоз, (прашањето се однесуваше на документиран бруто износ) 83 компании одговорија на ова прашање, од кои 45 се изјасниле дека имаат последици, во вкупен износ од 748 милиони денари. Напоменувам, во моментот на анкетирањето ова беше проценка на компаниите, затоа дел од нив се изјаснија дека е прерано за попрецизна проценка“, рече Јованоски.
Анкетирани се 115 претпријатија, од кои 46 се од индустријата и градежништвото, 40 се од туризмот, угостителството и хотелиерството, 7 се од трговијата и останатите се од други услужни дејности и земјоделието. Според големината, 26 се микро, 39 се мали, и 34 се средни и 16 се големи претпријатија, а имаат вкупно околу 14 илјади вработени.
Во целина, Анкетата покажува дека покрај дејностите што беа директно погодени при првиот удар на кризата (угостителството, туризмот, транспортот), тоа нема да заврши само таму, туку и останатите дејности и сектори чувствуваат последици.
СК ќе продолжи на систематизиран начин и во разновидни формати да прибира и обработува релевантни информации и податоци од компаниите и сето тоа соодветно да го комуницира.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.