25 Ноември, 2024
0.0283

АНОНИМНИ ДОНАТОРИ И ДАЛЕ ПАРИ НА ДРЖАВАТА ЗА БОРБА СО КОВИД - потребите се, сепак, многу поголеми

Објавено во: Македонија 08 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Од почетокот на корона кризата па досега, Владата примила вкупно донации од околу 4,5 милиони евра. Станува збор за пари што се добиени од организации, компании, но и од бројни поединци, кои не го откриле својот идентитет.

Додека, пак, Владата исплатила вкупна сума од 134 милиони евра за разни намени поврзани со справување со КОВИД-19, а исто така, од средината на март се направени и вкупни набавки 4 милиони евра.

Овие податоци можат да се видат на надградената апликација coronavirus.gov.mk, во делот кој се однесува на транспарентноста, а кој Владата го постави како алатка, со цел јавноста да може да види колку точно пари и од кого се слеале во државната каса во форма на донација, но и на што се трошеле пари во време на корона кризата.

Во форма на пари, односно како финансиски донации, Владата за три месеци добила 3,5 милиони евра. Парите биле добивани во повеќе наврати, при што последната донација е направена на 23 јуни годинава. Првите, пари, пак, на државна сметка, се слеале 24 март, кога корона кризата веќе почна да зема замав.

Како главни примтели на парите се јавуваат или Владата, и тоа потсметката донации од правни и физички лица за справување со КОВИД, или Министерството за здравство, на потсметката донација за КОВИД.

За овој временски тајминг биле направени вкупно 1.389 донации.

Како донатори, пак, се јавуваат многу приватни компании во земјава, банки, осигурителни компани, како и државни акционерски друштва, агенции и институции и јавни претпријатија, кои во овој период од околу три месеци, уплаќале различни суми на овие две државни сметки, и тоа или по еднаш поголема сума, или по помали суми во повеќе наврати.

НЕ САКААТ ДА ГО ОТКРИЈАТ ИДЕНТИТЕТОТ

Она што е интересно, е дека огромен број донатори на државата се заведени како НН, односно во овој случај станува збор за непознати дарители кои не сакале да го откријат својот идентитет.

Се работи за различни суми кои се донирани од овие непознати донатори. Одделни уплати од НН донаторите се на 10 илјади денари, дуги се движат околу 15.000 денари, но има и такви кои изнесуваат и по над 50 илјади денари.

Се оглед што не се објавени нивните имиња, не може да се знае со сигурност дали дел од овие донатори се и владините функционери, за кои првично Владата донесе Уредба со законска сила дека нивните плати треба да се сведат на минималец од 14.500 денари во април и мај, по што Уставниот суд ја поништи таа уредба, но тие најавија дека делот од своите плати над минималецот ќе го донираат во Фондот на Владата за справување со КОВИД-19. Такви најави дадоа сите функционери поставени од СДСМ, но и од ДУИ. Со оглед на различната висина на овие донации, може да се види дека не сите го донирале целиот дел од платите над минималецот, односно некои тоа и го сториле, но други, пак, сепак, за себе задржале повисоки суми.

Роберт Поповски, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, кој всушност и пред извесен период ја промовираше оваа алатка, за Фактор објаснува дека согласно Законот за заштита на личните податоци, никој не може донаторите со сила да ги натера да го откријат својот идентитет.

„Кога физичко лице донира средства преку solidarnost.gov.mk, постои посебен клик „се согласувам моите податоци да бидат објавени на finansiskatransparentnost.koronavirus.gov.mk“. Доколку тој што донира не ја избере таа опција, значи не се согласува да бидат објавени, и согласно Законот за заштита на лични податоци, не се објавуваат неговите податоци, и се означува како НН“, вели Поповски.

ОД РЕСПИРАТОРИ, ДО МАСКИ И СКАФАНДЕРИ - ОПРЕМА ОД ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА

Во форма на нефинасиски донации, пак, Владата добила нешто над еден милион евра, а имало вкупно 56 донации. Донатори се голем број приватни банки и компании, и тоа и домашни, но и странски компании што работат овде. Земјава добила донации и од странски организации, амбасади, невладини здруженија ...

Донациите се во форма на респиратори, скафандери, маски и визири, медицинска опрема, ракавици, а имало донација и во форма на сервисирање на опрема.

Кога станува збор за исплатите, пак, државата исплатила по разни основи многу повеќе пари од донациите што ги примила. Станува збор за 133,6 милиони евра.

Последните исплати се на 3 јули, а првите се на стартот на коронакризата, на средината на март.

Огромен број од исплатите се од регионалните центри за вработување на Агенцијата за вработување, на различни суми кон поедини физички лица.

Од Агенцијата за вработување објаснуваат дека станува збор за исплати на невработени, но и за вонредни исплати на оние што ги изгубија работните места за време на најголемиот пик на кризата, од 11 март до 30 април годинава. Вкупно по овие две основи биле исплатени 1,87 милиони евра.

„Агенцијата за вработување на Република  Северма Македонија,  на ден 03.07.2020 година изврши исплата на средства​·​за 6.933 невработени лица корисници на паричен надоместок согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност во износ од 65.134.384 денари, како и вонредна исплата за 2.873 невработени лица корисници на паричен надоместок (вонреден паричен надоместок COVID-19), во износ од 49.781.261 денари, за лица на кои работниот однос им престанал во период од 11 март до 30 април 2020 година по основ на спогодбен престанок од работен однос, престанок со отказ од страна на работодавачот и престанок со отказ од страна на работникот (односно престанок со давање на писмена изјава од страна на работникот)“, се вели во објаснувањето кое Фактор го доби од Агенцијата за вработување.

Дел од другите исплатите се однесуваат на економските мерки на Владата.

Набавки, пак, во периодот на корона кризата се направени вкупно 659, на износ од близу 4 милиони евра.

Набавките ги правеле клиники, болници. јавни здравствени установи, при што се купувале од маски, ракавици, средства за хигиена, озонери, тестови, медицински заштитни средства, мантили, скафандери и слично.

А покрај здравствените установи, и одредени државни институции кои не се поврзани со здравството вршеле набавки, на пример автоматски диспанзер за дезинфекција на раце, бесконтакти мерачи на температура и слично.

Кога се промовираше оваа апликација министерот Поповски рече дека во овој период на сериозна корона криза, во земјава се јавила потреба од интервентни и итни јавни набавки, воспоставување на фондови за донации од правни и физички лица од земјата и од странство, како и користење на средства од меѓународни извори за спрвување со последиците од кризата, па за граѓаните да немаат никаков сомнеж како се реализираат сите овие трансфери, Владата донела одлука, во насока на зголемување на фискалната транспарентност, да ја надгради веб страницата coronavirus.gov.mk, со податоци за финансиска транспарентност поврзани со кризата. 

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо