05 Декември, 2025
0.4433

Антибиотик на Алкалоид за прв пат во Германија, Франција и Австрија

Објавено во: Мои пари 03 Јуни, 2013 10:00

Добивај вести на Viber

По 3 годишна процедура на анализи, процени и проверки од страна на експертски тимови, одобрен е пласманот на антибиотик на Алкалоид на пазарите на водечките европски економии Алкалоид е извозно ориентирана компанија која преку 60% од своето производство пласира во над 30 земји во светот преку своите 16 канцеларии надвор од Република Македонија. Први на листата на приоритети покрај земјите во регионот на Југоисточна Европа, се и земјите-членки на Европската унија каде Алкалоид има над 200 маркетиншки авторизации (дозволи за пласман на лекови) издадени од соодветни институции, од кои повеќе од половина се спроведени според најстрого регулираните процедури на Европската Унија (Процедура за меѓусебно признавање и Децентрализирана процедура). Процесот на ЕУ хармонизација во Алкалоид АД Скопје е отпочнат пред повеќе од 10 години и во тој поглед, компанијата е комплетно подготвена за адаптација на веќе прифатените законски норми и правила на работење кои ги практикува на пазарите во Бугарија, Романија, Словенија, Чешка, Полска, Словачка како и на хрватскиот пазар. На крајот од минатиот месец, Алкалоид АД Скопје ја доби првата дозвола за пласман на свој производ во водечките европски економии, пазарите на земјите од стара Европа: Германија, Франција и Австрија, која е прва самостојна регистрација на лек во историјата на компанијата за пазарите на овие земји. Станува збор за антибиотикот цефадроксил, цефалоспорински антибиотик кој во Република Македонија е познат под името Алицеф, индициран за третирање на респираторни инфенкции, инфекции на кожата и меките ткива и уринарни инфекции Целиот проект, од развој на лекот до комплетирање на процедурата за авторизирање на истиот траеше околу 5 години, почнувајќи од анализа на пазарите, внимателен мониторинг на националните законодавни специфики на овие земји, усогласување на производот со најновите европски регулативи за фармацевтски производи како и соодветна анализа при Агенциите за лекови. Проценката на квалитетот, безбедноста и ефикасноста на овој антибиотик беше предмет на анализа на над 40 експерти од сите Агенции за лекови на земјите вклучени во процедурата при што конечната позитивна одлука беше донесена на база на консензус на сите држави. Овој антибиотик, на пазарите Германија, Франција и Австрија ќе биде достапен од септември годинава. Фармацевтските производи се највисоко регулирана категорија на производи во светот. Како проверен, безбеден и сигурен производител на лекови, Алкалоид АД Скопје редовно ги минува контролите на реномираните мултинационални фармацевтски компании кои се наши партнери, како и инспекциите од страна на неколку европски агенции за лекови и храна.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј