19 Декември, 2025
0.0552

Антикорупционерите бараат истраги за Спасовски и други кадри на СДСМ

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2016 13:29

Добивај вести на Viber

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска побара Основното јавно обвинителство да отвори истрага против министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за незаконско распоредување и унапредување на вработени во МВР, по распишување на одлуката за предвремени парламентарни избори. 

Ова според Антикорупциска е кршење на членот 8-а од Изборниот законик на Македонија.

Претставка на Спасовски му поднел дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов. Се наведува дека тој ја злоупотребил службената положба и овластување. Со претставката се доставени и докази. 

Известителот за овој предмет Фарие Алиу, ги прочита наводите на Андонов во претставката против Спасовски, дека на унапредените началници во МВР, Спасовски им ја покачил и платата.

Претставката на ВМРО-ДПМНЕ пак, се однесува на прекршување на членот 8б од Изборниот законик, а во Комисијата го води претседателот Игор Тантуровски. Имено, како што тврди Илија Илиоски, како претставник на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата предводена од СДСМ, градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски  и директор на кумановско комунално претпријатие за партиски цели злоупотребувале службени возила.

И по овој предмет, мнозинството членови побара од Основното јавно обвинителство да преземе мерки и да достави повратна информација до Комисијата пред таа дополнително да расправа по него.




Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки