26 Ноември, 2024
0.0574

Антикорупциска: Нема кривична одговорност за Ангеловска

Објавено во: Економија 24 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Нема кривична одговорност за министерката за финансии Нина Ангеловска, но во иднина треба да се доуредат некои односи за од етички аспкет се регулира судирот на интереси, рече претседателката на Државната комисија за спречувањ ена корупцијата Билјана Ивановска денеска на пресконференцијата. Ивановска вели дека Ангеловска по служана должност раполагала со информации за движењата во Еуростандард, банката за која Народната банка донесе одлука за поведување стечајна постапка со одземање на дозволата, но и дека немала информации за стечајот. Како што е познато Ангеловска имала депозит во Еуростандард банка, пари кои ги подигнала пред одлуката за затворање на банката.

Прв документ кој потврдува дека Ангеловска дознава дека Еуростандард ќе оди во стечај е записник од состанок на Комитетот за финансиска стабилност на 4 јуни. Таа парите ги подигнала порано, но Ивановска вели дека како член на Комитетот и како министерка Ангеловска знаела за сите движења во банкарскиот сектор.

„Министерката не го знаела можеби точниот ден кога ќе се случи стечајот, и дали воопшто до тоа ќе дојде, затоа што законски Народната банка не треба да ја известува за тоа, но таа била во позиција да ги има информациите. Тоа ја става во ризична состојба во однос на судирот на интереси. Да не пропаднеше банката ова немаше да се актуелизира. Но наше е да укажеме и ние ќе иницираме измени во регулативата. Следниот министер може да има депозит и нашата цел и поента е да укажеме. Носителите на јавни функции можат да се најдат во ваква позиција, рече Ивановска. 

Случајот за Ангеловска се разгледувал на денешната седница на Комисијата. ПОбарани биле информации и од Ангеловска и од Народната банка.

Законски гувернерот и министерот за финансии одржуваат редовни состаноци на Комитетот за финансиска стабилност. Дополнително има меморандум за соработка кој во април е дополнет. Со меморандумот е регулирано дека за одржување на финансиската стабилност треба да има директни контакти, размена на податоци и информации за движењата на пазарот и за стабилноста и на таков начин да се изноѓаат решенија

Додека била министер за финансии годинава одржани се два состаноци на 19 мај и на 30 април, а записниците не упатуваат дека се рагзоварало за Еуростандард банка.

Прв е записник е од 4 јуни 2020 година - тогаш постоеле и такви разговори. 

Комисијата нема право да изрекува казни но укажува дека овие односи треба да се доуредат од етички аспект и да се додадат уредби за да се регулира судирот на интереси.

Нина Ангеловска пак тврдеше дека парите и биле потребни за да купи стан и дека средствата ги повлекувала уште од минатата година и не ги префрлала во други банки, туку ги користела за други инвестиции.

„Би сакала уште еднаш да ѝ ги соопштам на јавноста фактите и воедно да ги демантирам сите неточни информации кои тенденциозно се пласираат. Не е точна ни сумата која се наведува во текстовите – уште од минатата година преку половина од тие депозити се инвестирани во инвестициски фонд. Единствено што е точно во досега пласираните информации е дека сум имала депозит во ‘Еуростандард банка’, соопшти таа.



* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија