07 Октомври, 2024
0.0587

Антикорупциска не се откажува од правната битка со Ѓорѓе Иванов

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Државната комисија за спречување на корупција не се откажува од правната битка со поранешниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов, за кого Управниот суд реши дека одлуката на ДКСК за отварање прекршочна постапка за унапредување на генерали пред претседателските избори е донесена без да му овозможи на поранешниот шеф на државата да изложи своја одбрана.

Антикорупционерите најавија дека ќе ја оспорат одлуката пред истиот суд. Од Антикорупциска за 360 Степени велат дека имаат доволно аргументи на своја страна и дека ќе ја обжалат одлуката на Управниот суд, кој според нив не се занимавал со суштината на прекршокот, односно со прецедурата, туку со формата.

- Во оваа судска одлука не се третира дали е правилно или неправилно постапувањето на претстадателот. Тие постапуваат од аспект на формата, односно дали сме требале да го повикаме претседателот како странка во нашата постапка. Таа одлука се однесува на процедурата. Ние сметаме дека сме постапиле правилно и ќе си аргументираме нашиот став во жалбата што ќе ја доставиме до Вишиот управен суд. Случајот не е загубен и се уште е жив. Не е разговарана материјалната страна. Ова се правни тактики, ако можам така да кажам, и ние ќе се бориме, изјави првиот антикорупционер Билјана Ивановска.

Иванов пред претседателските избори го унапреди началникот на генералштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски, во чин генерал-потполковник и изврши промена на три командни генералски места во АРМ.

Дополнително, според Управниот суд, противуставно е да се укине веќе стекнат офицерски или генералски чин.




Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил