НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2024
Поради претстојното 20-то јубилејно издание на Виз Ер
Скопски Маратон, што ќе се одржи на 06.10.2024 (недела), а на кој ќе
учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји, од утрово од 03:00 часот, ќе важи привремен
режим на сообраќај во главниот град.
Одредени улици се целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, а променетиот режим ќе биде на сила до завршувањето на маратонот, до 14:00 часот.
Директор на „Виз Ер Скопски маратон“ Кире Синадиновски очекува најдобро издание на јубилејната 20. спортска манифестација.
- Ова е празник на градот и на државата. Со рекордни 13.400. растеме од година во година. Секоја година ги подобруваме организациските перформанси. Стигнати сме на едно високо ниво. Не е лесно да се организира манифестација која бара вклучување на многу институции. Очекувам најдобро издание до сега, изјави Синадиновски по стартот на денешниот маратон.
Целта на сите трки е на Плоштад Македонија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.