06 Декември, 2025
0.0346

Антикорупциска: Пријави за 26 судии што прикриле имот

Објавено во: Мои пари 27 Јуни, 2013 18:37

Добивај вести на Viber

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ги прибира aнкетните листови за имотната состојба на претставниците на судската власт.

Во проверката во 2011 година на овие листови за носителите на јавни функции во законодавната, извршната и судската власт од  ДКСК посочија дека 26 носители на јавни функции во судството дале непотполни податоци во анкетните листови и не пријавиле промена на имотната состојба. ДКСК согласно со своите надлежности од Законот за спречување на корупција јави дека има поведено прекршочни постапки и има поднесено барања за испитување на имотната состојба до Управата за јавни приходи.

Проверка на имотната состојба ДКСК врши и во рамки на конкретни предмети со сомнежи за корупција во кои се посочуваат одделни судии од сите судски инстанци, стои во соопштението на  ДКСК.

Оттаму потенцираат дека секое службено лице,  а тоа значи и секој судија има законска обврска да пријави промена на имотната состојба во рок од 30 дена од настанатата промена, а секое несовпаѓање на пријавената со фактичката состојба е предмет на постапување на Комисијата.

Во наредниот период од Државната комисија за спречување на корупцијата посочуваат дека ќе продолжат со целосните системски и други проверки на анкетните листови поднесени од носители на јавни функции, вклучувајќи ги и судиите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј