25 Ноември, 2024
0.0287

Антикорупциска: Владата ја постави сестрата на Катица Јанева на функција откако поминал рокот за пријавување

Објавено во: Македонија 23 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Државната комисија за спречување на корупција на денешната прес-конференција информираше дека открила наоди според кои сестрата на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, Лиле Делиџакова, пред две години е поставена за потпретседател на Комисијата за хартии од вредност откако поминал рокот за пријавување.

- Владата го направила изборот на 17 април 2018, но со документи од Делиџакова кои биле извадени подоцна од рокот за пријавување на апликацијата на Комисијата за хартии од вредност. Во самиот јавен оглас на КХВ се вели дека документите и пријавите после датумот за пријавување нема да се земат во предвид. На дел од документацијката во досието на Делиџакова се гледа дека тие се извадени на 23 и 24 април. Владата ја избрала без да биде избрана целокупната документација, рече Софија Пеовска Дојчиновска, потпретседателката на ДКСК.

Од Антикорупциска велат дека не добиле повратно објаснување од комисијата и дека Владата може да формира комисија за избори за разгледување на прашања од кадровската политика.

- Меѓутоа не добивме докази и документи дека оваа комисија постапувала по однос на административна селекција. Ни преостанува да доставиме иницијатива до новата Влада со која ќе побараме преоценување на комплетната постапка на избор на членови, додаде Пеовска-Дојчиновска.

Од таму велат дека за ова ќе биде информирано и Собранието, како надзорно тело кое ги верификува членовите на УО на КХВ. Антикорупциска порачува дека овој избор мора да биде ревидиран бидејќи се работи за системска корупција.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик