16 Декември, 2025
0.0573

„Антистрес закон“ кој ќе ги воодушеви сите вработени!

Објавено во: Свет 02 Септември, 2014 13:12

Добивај вести на Viber

Германија размислува да воведе закон со кој на работодавачите ќе им забрани да ги контактираат вработените (преку телефон или електронска пошта) надвор од работното време. Развојот на технологијата, интернетот и „паметните“ телефони ни донесоа многу добри работи, ја забрзаа и подобрија работата, но заради постојаната достапност преку електронска пошта и мобилни уреди многу вработени станаа подтојано на располагање на колегите и шефовите, кои ги контактираат и надвор од работнот време и бараат од нив дел од работните обврски да завршат од дома. Заради тоа тие постојано се под стрес и не можат да се опуштат дури ни по завршувањето на работниот ден. Едно неодамнешно истражување во Германија покажало дека се повеќе работници одат во предвремена пензија, а главна причина за тоа е стресот, односно притисокот што постојано мора да бидат во контакт со останатите вработени и со претпоставените. Според информациите на германските медиуми, најмалку една петтина од вработените во Германија се достапни за своите шефови и по завршувањето на работното време. Професорот по психологија од Универзитетот во Дрезден Клеменс Кришбаум вели дека „луѓето денес многу малку време поминуваат „офлајн“, исклучени од виртуелниот свет, во мир и без притисок од работата, а тоа не е добро за нивното здравје“. За да се реши овој голем проблем, германската министерка за труд Андреа Нахлес размислува за воведување на т.н. „антистрес закон“ со кој ќе се забрани контактирање со вработените преку електронска пошта и мобилен телефон по крајот на работното време. Таа вели дека постои неспорна врка меѓу достапноста до претпоставените во секое време од денот и зголемениот број ментални болести, а едно од решенијата за овој проблем би можело да биде нов закон. Во Германија и сега е забрането вработените да се контактираат за време на празници, а некои од поголемите компании како Фолксваген и БМВ наметнале и сопствени дополнителни ограничувања за да им овозможат непречен одмор на своите вработени надвор од работното време. Производителот на автомобили Дајмлер, пак, инсталирал и посебен софтвер кој автоматски ги брише сите електронски пораки кои им се испраќаат на вработените по завршувањето на работното време.  

Можеби ќе ве интересира

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“