АПАНАЖА ЗА БЕСИМИ, БЕКТЕШИ И ЛОГА - закупнина за стан за четворица пратеници, како и плата до пензија, еве ги деталите
Објавено во: Македонија 19 Јули, 2024 17:55
Нови одлуки за апанажа, за исплаќање закупниниа, но и за избор на претседател донесоа собраниските пратеници.
Согласно денешните одлуки, апанажа во следната година ќе добиваат и поранешните министри за финансии, за економија и за правда.
Што значи Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Кренар Лога ќе добијат апанажа по завршување на функциите во следните 12 месеци.
Исто така изгласани беа и барањата за закупнина на стан на пратениците Даниела Христова, Грација Бакрачевска, Јован Јаулески и Јованка Тренчевска.
Бобан Стојановски, член на Државната изборна комисија беше избран за заменик генерален секретар на Собранието.
Комисијата денеска не го формираше Комитетот за односи меѓу заедниците поради тоа што ниту една пратеничка група не доставила предлози до претседателот на ова собраниско тело.
Ристана Лалчевска, ќе прима плата уште шест месеци до остварување на право на пензија, како поранешен член на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршошната постапка.
Поранешната генерална секретарка на Собранието Цветанка Иванова ќе го оствари правото на отпремнина при заминување во пензија.
На седницата во дебата влегоа Илире Даути и Халил Снопче од Алијанса на Албанците во врска со Комитетот за односи меѓу заедниците. Дауит бараше точката да биде ставена прва на дневен ред, а пратениците реагираа оти рокот за доставување предлози бил кус.
Можеби ќе ве интересира
А ШТО ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА? Потребна им е дестабилизација, за полесно да се справат со Р.Српска и да ги протераат нашите браќа од Косово!

Медис и важноста на научноистражувачката работа во областа на медицината: Интервју со Ирена Ефтимова

НАЈТОПЛО ВО СКОПЈЕ, НЕВЕРОЈАТНИ 30 СТЕПЕНИ НЕ ОЧЕКУВААТ ДЕНЕСКА: Но, во вторник се враќа знимата, ќе има и снег

БУГАРСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ: Изградбата на пругата не е одложена

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Асмир Јахоски доби 30 дена притвор

КРИВИЧЕН ЈА ПРЕИНАЧИ ОДЛУКАТА: Асмир Јахоски оди во притвор

Кавадарчанец го подесил своето „бмв“ да создава огромна бучава, полицијата му го одзеде на три месеци
Министерство за животна средина: Граѓаните да ја поддржат изградбата на регионалната депонија во Новаци

ЗА ТАНГО СЕ ПОТРЕБНИ ДВАЈЦА: Еве што вели Мицкоски за односите со Бугарија
