18 Декември, 2025
0.2361

„АПАСИЕВ ОЧИГЛЕДНО Е ЧОВЕК СО ДВЕ ЛИЦА“: ВМРО-ДПМНЕ тврди лидерот на опозицијата присвоил народни пари

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2025 10:46

Добивај вести на Viber

За Димитар Апасиев од Левица може да се каже само дека е лицемер, човек кој демек продава вредности, а единствено го интересира неговиот џеб. 

Апасиев е се, самo не она што се претставува во јавност. Дека се грижи само за себе и за својот џеб, говори фактот што тој ја олеснил касата на партијата Левица, поточно земал пари кои партијата ги добива од Буџетот. Станува збор за околу 700 илјади денари пари на Левица добиени од Буџетот, поточно народни пари.

Ова го посочува најголема партија на власт, ВМРО-ДПМНЕ во соопштение испратено до медиумите. 

- Колку за илустрација, во март 2023 година од партиската каса земал 52 илјади денари, април 2022 година, како и јули и септември истата година земал околу 80 илјади денари. И така земајќи пари во неколку наврати, сумата која ја земал достигнала околу 700 илјади денари. И да, тоа се пари од Буџетот, тоа се при народни пари.

Овие пари ги земал Апасиев, истиот оној кој се претставува како чесен, како човек кој не зема патни трошоци, како човек што не зема ништо од граѓаните, како човек кој се бори против корупција, за правда и слично.

Апасиев очигледно е човек со две лица, едно за во јавност кога тој глуми дека е чесен, праведен и едно кое зема и става во џеб народни пари за лични потреби - нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје