Апасиев праша дали Обвинителството води постапка против екс министерката Ангеловска, Јолевски сега не смее да открива детали
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2020
Дали Јавното обвинителство има поднесено или води постапка по член 353 за несовесно работење во службата против поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска, бидејќи согласно Законот за спречување на корупција и судир на интереси, на него треба да подлежат и службени лица кои имаат личен интерес, а таков интерес, според него, имала ексминистерката.
Ова е едно од прашањата што ги постави на Надзорната расправа за пропаднатата Еуростандард банка пратеникот Димитар Апасиев од Левица до јавниот обвинител Љубомир Јовески.
Второто прашање на Апасиев беше дали е точно дека на две банки без нивно знаење им биле отворени фиктивни трансакциски сметки, кои потоа исчезнувале мистериозно.
На ова обвинителот Јовески одговори дека такви податоци не може да соопшти, бидејќи постапката е тајна и мора да се почитува презумпција на невиност.
„Јавното обвинителство ќе ги преземе сите дејствија за обезбедување докази и сите што сториле кривични дела, ќе одговараат пред законот, тоа е сигурно“, рече Јовески.
А понатамошниот дел од расправата, како што забележа и Тимчо Муцунски, претседател на Комисијата за финансирање и буџет, и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, не го слушаше гувернерката Анита Бежоска Ангелоска, најверојатно поради други обврски, но како што рече, ќе и бидат испратени стенограми од расправата.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.