Aпасиев тврди дека добивал закани по живот
Објавено во: Македонија 24 Јули, 2020
Првиот човек на Левица, Димитар Апасиев, во интервју за Само интервју на Канал 5 вечерва рече дека добивал закани по живот.
Вели дека СДСМ прави обиди да „купи“ пет пратеници, што според него е недозволиво во систем кој е демократски.
Рече дека еднаш додека бил ангажиран од СЈО добил закани по живот, а сега по втор пат добива закани.
Ги обвини структурите на Стево Пендаровски и на Зоран Заев од ИЕ 3.
„Најодговорно кажувам дека мене ми се закануваат и дека ова нема така да помине“; рече тој.
Вели дека добил поддршка од една амбасада, и дека случајот го документира.
„Само сакавме да им ги извадиме бонусите низ нос“, изјави Апасиев, за големиот број приговори кои ги поднесоа до ДИК.
За статусот кој го објави веднаш по изборите, рече дека не сака да се правда, го напишал тоа што го мислел во тој момент.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.