Апасиев тврди дека им се крадат три пратеници, СДСМ реагираше
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2020
Првиот човек на Левица, Димитар Апасиев, на прес-конференција изјави дека се сомневаат дека партијата по вчерашните избори е оштетена за минимум околу 10 илјади гласови и дека им се украдени, како што рече, тројца пратеници, во изборните единици 1, 2 и 4.
Ќе поднесат приговор во законскиот рок од 48 часа, а најави и кривични пријави против членовите на ДИК затоа што вели дека ова е „невиден скандал во досегашната изборна историја“.
Апасиев рече дека засега немаат контакти со политички партии за коалицирање, но дека со СДСМ нема за што да разговараат.
„Она што најмногу загрижува е тоа што има најмалку 80 000 гласови кои се несоодветни. Според нашиот аналитички центар, не кореспондираат електонските записници со хартиените записници. На овој начин, ние сме искрадени по 30-40 гласа во урбани средини по избирачко место, а пратениците кои „висат“ во овие три изборни единици се за 200 до 600. Тоа значи дека доколку не беа овие изборни нерегуларности ние ќе имавме чисти плус тројца пратеници. Сега засега имаме двајца пратеници чисти. Се прави максимален обид од СДС да ни го земат и вториот пратеник во Третата изборна единица, кој е чист како солза. Ќе дадеме максимум од себе да дојдеме барем до тројца пратеници“, рече Апасиев.
СДСМ ги осудува повиците на лидерот на Левица, Димитар Апасиев и бара обвинителството да реагира на, како што велат, фашистичките наративи и концепти на нејзиниот лидер.„СДСМ ги осудува ваквите маргинални политики кои се блиски на фашистичките наративи и концепти. Денес, Северна Македонија е слободна земја во која владеат закони и никој не смее им се заканува на граѓаните и да помине неказнет. Правда доаѓа за сите. Надлежните институции, обвинителството, да преземат мерки, да постапат и да ги санкционираат ваквите срамни изблици на насилен политички израз. СДСМ и новата Влада силно ќе се спротивстават на каков било обид да се наштети на освоената слобода, граѓаните да бидат спокојни. Смрт на фашизмот, слобода на народот!, се вели во реакцијата на СДСМ.
Во меѓувреме, се очекува ДИК да ги соопшти конечните резултати од изборите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.