15 Јануари, 2025
0.0295

Апасиев се подновил со нов стан, Муцунски со ауди од 30.000 евра, Михаиловска со седум парцели

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Димитар Апасиев, лидерот на Левица, купил стан од 65.000 евра во 2017 од 60 метри квадратни во Скопје, но и има кредит во банка од 3,46 милиони денари подигнат во 2016, според Анкетниот лист кој го пријавил во Државната комисија за спречување на корупцијата. Пратеникот во Антикорупциска навел и дека автомобилот алфа ромео е на неговиот брачен другар, произведен во 2007, и вреди 155.000 денари.

ДКСК ја објави и пријавената имотна состојба на преостанатиот дел од новопечените пратеници во Собранието кои за прв пат наедно стануваат и функционери, а Тимчо Муцунски, секретарот за надворешна политика на ВМРО-ДПМНЕ, поседува ауди Q2 кое е купено во 2018 и безмалку вреди 30.000 евра. Професорот ова возило го пријавил како заеднички имот.

Професорката Гордана Силјановска-Давкова има завидни заеднички депозити во банка, од кои едниот е 55.688 евра и 3.508 долари на девизна штедна книшка, а другиот е 11.523 евра на девизна сметка, според она меѓудругото што го има впишано поранешната кандидатка за претседател на Македонија а сега пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Кога станува збор за пратениците на СДСМ, Марија Костадинова, доскорешна директорка на основно училиште во Миравци, пријавила двократен имот на фирма во вредност од 19,2 милиони денари во истото место во Гевгелија.

Докторката Соња Михаиловска пријавила седум парцели на земјоделско земјиште и едно пасиште, од кои некои доста пространи, во Делчево како имот на брачниот другар но без да ја наведе вредноста на истото. Лолита Ристова од Неготино навела деловен простор во својот град од 2,4 милиони денари. Марија Ангелова од Чаир од личен имот има само девизен депозит од 5.800 евра.

Миле Талевски од Прилеп од личен имот навел само голф 5 кој го купил годинава на старо за 170.000 денари, а Љатифе Шиковска има само кредит од 80.000 денари и стан на брачниот другар од 50.000 евра во Скопје.

За имотот на преостанатите нови пратеници во собранискиот состав може да се прочита овдека.

А:К.

Можеби ќе ве интересира

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос