Апел до работодавците: Да ги заштитат работниците или ќе плаќаат глоба до 8.000 евра
Објавено во: Економија 26 Јули, 2013 14:23
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Живко Митревски, денеска порачаа работодавачите да ги преземат сите неопходни мерки и да ги почитуваат препораките за заштита на работниците од високите температури. Целта е превентивно да се делува, да не се чекаат критичните фази, бидејќи земјата е зафатена од топлотен бран.
„Доколку не се преземат мерките за заштита и ако Инспекторатот за труд утврди непосредна опасност по безбедноста и здравјето на вработените, со решение ќе се забрани работата во целост, на дел од погоните или технолошкиот процес“, рече Спасов. Ако работодавачот во определен рок не ги отстрани утврдените неправилности и недостатоци, ќе се санкционира според законот, за прекршок со глоба од 5.000 до 8.000 евра за правно лице и со 500 до 1.000 евра за одговорно лице. Соодветна организација на работата, контрола на работниот процес и проценка на ризик на работните места, избегнување прекувремена работа, користење на паузите за одмор и ако е потребно воведување дополнителни кога температурата е висока особено меѓу 11 и 16 часот, обезбедување соодветни простории за разладување, лесна работна облека и превентива од зголемени опасности при работа (пожари),... се само некои од препораките што работодавачите треба да ги испочитуваат. „За спречување на можните последици по здравјето на работниците од високите температури и топлотните бранови, неопходен е повеќедимензионален пристап и вклучување на повеќе институции, министерствата за здравство и за труд и социјала, Националниот совет за безбедност и здравје при работа, институтите за јавно здравје и по медицина на трудот, локалната самоуправа, невладиниот сектор и експертите“, рече Митревски. Спасов рече дека веќе е изготвен Акциски план за превенција од топлотните бранови чија цел е да се избегнат ризиците по здравјето на работниците, со кој се обврзуваат државните инспектори за труд месечно да вршат по 40 надзори кај правни субјекти со што ќе го утврдуваат спроведувањето на регулативите. Согледувањата на ССМ покажуваат дека најризични работни места и најмногу на удар од високите температури се градежништвото, земјоделството, енергетиката, металургијата, сообраќајот, прехранбената индустрија, текстилот, армијата, полицијата.Можеби ќе ве интересира
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас




