АПЕЛИРА ДО ТРГОВЦИТЕ МАКСИМАЛНО ДА ГИ НАМАЛАТ ЦЕНИТЕ, АМА ПАЗАРОТ Е ТОЈ ШТО ГИ ДИКТИРА ЦЕНИТЕ - премиерот смета дека инфлацијата се намалува
Објавено во: Економија 28 Август, 2024
Нивото на инфлацијата во последните месец-два се смирува и е на ниво од 3 проценти, изјави денеска во Македонска Каменица, премиерот Христијан Мицкоски.
– Сепак треба да биде уште пониско. Јас би сакал да имаме дефлација, наместо да имаме инфлација, но за жал од она високо ниво двоцифрени бројки 15,16, 17 отсто, овие два месеци успеавме да го стабилизираме слободниот пад на државата и на институциите и тоа што можам да го кажам и од оние информации, кои јас ги имам е дека моменталното ниво на инфлација е тука – рече Мицкоски кој одговараше на прашање за реакциите на граѓаните дека во супер-маркетите имаат забележано раст на цените на производите.
Премиерот смета дека цените на прехранбените производи треба да бидат пониски и апелира до трговците максимално колку што можат да ги намалат маржите.
– Ние сме пазарна економија, пазарот ги диктира цените. Ако влеземе во една политика на ограничување, тогаш видовте какви резултати ни даде таа политика-ни даде спротивни ефекти од тие што ги очекувавме. Затоа, политиката на оваа Влада е да поддржува инвестиции и затоа не е политиката на оваа Влада да одржува зголемена и вештачки набилдана јавна потрошувачка, затоа што парите на тој начин губат вредност и иста количина на пари по еден месец ја губи својата вредност и деноминира, би рекол за десетина проценти – изјави Мицкоски.
– Мислам дека тој процес ќе потрае до почетокот на есента, а до крајот на годината бидејќи се уште работиме на буџет чиј костур го креираше претходната влада, очекувам да дојдеме до состојба кота нула, а веќе со следниот буџет за следната година да почне развојот и напредокот – изјави Мицкоски.
Премиерот, Мицкоски кој денеска присуствуваше на одбележување на празникот на рударите во Пробиштип и Македонска Каменица додаде дека во изминатите два месеци, новоименуваните функционери работат чесно во институциите.
– Знам со колкава енергија влегуваат новоименуваните лица кои имаат чест добиена од граѓаните да ги водат тие институции и тоа влева кај мене огромна доза на оптимизам – рече Мицкоски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.