НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година
Објавено во: Економија 22 Ноември, 2024
Рубљата е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година.
Податоците на Руската централна банка покажаа дека валутата денеска го достигна најниското ниво од 24 март 2022 година. Официјалниот курс на руската Централна банка денеска изнесуваше 102,58 рубљи за долар, а еврото се менуваше за 107,43 рубљи. На намалувањето на вредноста на рубљата влијае вчерашниот напад врз Украина со хиперсонична ракета и новите американски санкции насочени кон „Газпромбанк“, финансискиот огранок на „Газпром“. Откако почна војната во Украина, руската валута имаше падови.
Путин тогаш рече дека Русија мора да ја зголеми употребата на незападните валути.
foto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.