СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?
Објавено во: Економија 22 Ноември, 2024
Златото и натаму поскапува. Ценaтa повторно е над 2.700 долари.
Цените на златото денеска се зголемија повторно надминувајќи го нивото од 2.700 долари, а трговската седмица ја заврши со најголем плус во повеќе од една година благодарение на силната побарувачка на инвеститорите за сигурни средства во услови на зголемување на тензиите во односите меѓу Русија и Западот.
На физичкиот пазар, унца злато во попладневното тргување чинеше 2.703 долари и беше за 1,3 отсто поскапа од вчера. На американскиот пазар со фјучерсите на златото се тргуваше по 1,1 отсто повисока цена од 2.705 долари.
foto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.