08 Декември, 2025
0.0270

АПЛИЦИРАЈТЕ: Германија бара 30.000 занаетчии

Објавено во: Економија 27 Декември, 2019 14:45

Добивај вести на Viber

30.000 мајстори и занаетчии бара Германија. 

Првиот човек на германското здружение на занаетчии, Ханс Питер Волсејфер, вели дека има огромна потреба од занаетчии и мајстори во сите делови на земјата. 

Потребни се мајстори во градежништво, санитарни инсталации и монтери, телекомуникациски техничари, месари и експерти во прехранбениот сектор.

Закон за вработување на професионални работници од земји надвор од Европската Унија, ќе важи од март 2020 година. За луѓето од Западен Балкан ќе се проверува знаење на германски јазик, а ќе има и возрасна граница. 

Невработеноста во Германија се спушти на најниско ниво од обединувањето на поранешните земји од Источна и Западна Германија во 1990 година, објави германската Федерална агенција за вработување (БА).

Бројот на невработени во ноември годинава бил 2,18 милиони луѓе или стапката на невработеност изнесувала 4,8 проценти.

Но, не е само Германија, и други земји бараат работници кои би ги задоволиле потребите на пазарот на труд. 

Партијата на канцеларката Ангела Меркел во предизборието ветуваше дека ќе работи за целосно искоренување на невработеноста. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден

ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден

СЛЕДНАТА ГОДИНА СТАРТУВА ЗАКОНОТ ЗА СЕЗОНЦИТЕ - еве кои професии се опфатени и колку дена ќе смеат да работат

СЛЕДНАТА ГОДИНА СТАРТУВА ЗАКОНОТ ЗА СЕЗОНЦИТЕ - еве кои професии се опфатени и колку дена ќе смеат да работат

„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС

„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НЕМА ПОМОЌНА ИНСТИТУЦИЈА ОД КОМОРАТА, КОЈА ОБЕДИНУВА УСПЕШНИ ЛУЃЕ, ЛИДЕРИ И КРЕАТОРИ НА МИСЛЕЊА“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НЕМА ПОМОЌНА ИНСТИТУЦИЈА ОД КОМОРАТА, КОЈА ОБЕДИНУВА УСПЕШНИ ЛУЃЕ, ЛИДЕРИ И КРЕАТОРИ НА МИСЛЕЊА“

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна

Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна

Макрон се закани со нови царини за Кина

Макрон се закани со нови царини за Кина

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите