08 Декември, 2025
0.0490

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НЕМА ПОМОЌНА ИНСТИТУЦИЈА ОД КОМОРАТА, КОЈА ОБЕДИНУВА УСПЕШНИ ЛУЃЕ, ЛИДЕРИ И КРЕАТОРИ НА МИСЛЕЊА“

Објавено во: Економија 08 Декември, 2025 10:38

Добивај вести на Viber

„Стопанската комора е збир на најуспешните луѓе на едно место, кои ги обединува претседателот на Комората, кој дава визија за понатаму. Комората е институција која е тука кога најмногу ти треба, која има јасна визија за развојот на економијата и која креира политики, што им овозможува на луѓето да направат круг од успешни деловни луѓе на сите полиња“, изјави м-р Александар Манев, член на УО на Стопанската комора и главен извршен директор на „Кроација осигурување“ АД, друштво за неживотно осигурување Скопје, во најновото издание на „Бизнис-клуб“ со претседателот на Комората Бранко Азески.

Тој истакна дека нема помоќна институција од Комората, која обединува толку многу успешни луѓе, лидери и креатори на мислења. Голем дел од нив во телата на Комората работат на струките во кои се образувале и се развивале низ годините, што, според Манев, е клуч за успех.

Зборувајќи за економската ситуација во земјава, Манев оцени дека е предизвикувачка, но и перспективна и дека доколку повеќе се следат заклучоците што ги носи Управниот одбор на Комората, нема место за загриженост. Манев е оптимист и верува во кадарот на Стопанската комора, односно верува дека за некои 5 години ќе може да се постават темели за здрава економија.

Според него, Комората прецизно ги дефинирала трите клучни приоритети во своето работење:

1.образованието како столб на секоја држава – без добро едуциран кадар земјата нема иднина;

2.развојот на здрави и извозно ориентирани компании зашто без извоз нема економски раст;

3.регионалната соработка како предуслов за конкурентност.

Манев нагласи дека домашните компании мора јасно да ги искажуваат своите потреби, предлози и идеи преку Комората, зашто основата за развој на државата е токму бизнисот.

„Ако креаторите на политики се однесуваат покорпоративно, многу полесно би се справувале со големиот број предизвици“, додаде тој. Како проблем ги посочи и неефикасноста на јавната администрација и фактот што одредени приоритети често не се третираат со потребното внимание.

На прашањето дали субвенциите придонесуваат за развој, Манев истакнува дека нивниот ефект нема во целост да се знае сè додека не постои:

-јасен мерит-систем;

-анализа на процесот – колку и како се дава;

-мерливи резултати (што е направено, дали компанијата вовела нови форми на работа, дали и колку е зголемен извозот).

Разговарајќи за алтернативните  форми на финансирање на компаниите, Манев оцени дека сè уште сме заробени во традиционалните методи и дека недостигаат транспарентност, промоција и успешни приказни, кои би ја поттикнале нивната примена. Поради својот оптимистички дух, верува дека младите во најскоро време ќе го променат тоа.

Во продолжение на разговорот акцентот беше ставен врз осигурувањето. Манев нагласи дека во осигурителниот бизнис клучно е поставувањето и управувањето со ризиците.

„Не е важно да се биде прв, туку да се биде профитабилен, затоа што резултатот не се знае до последниот ден од календарската година“, изјави тој.

Минатата година компанијата исплатила 9 милиони евра штета, од кои најголемата имотна штета – околу 4 милиони евра – била исплатена во рок пократок од 1 година. Според Манев, најважно е да се одржува фер и коректен однос со сите клиенти.

М-р Манев се осврна и на проблемите во секторот осигурување кои често ги дискутираат во Здружението во рамките на Комората. Како најголеми предизвици ги истакна инфлацијата и зголемените трошоци за производи и услуги, додека, пак, цените на осигурувањето остануваат непроменети.

Линк до видеото - https://www.youtube.com/watch?v=asc8Z76Ub3I


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна

Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна

Макрон се закани со нови царини за Кина

Макрон се закани со нови царини за Кина

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Милијарди на хартија, но каде се парите?