08 Декември, 2025
0.3370

СЛЕДНАТА ГОДИНА СТАРТУВА ЗАКОНОТ ЗА СЕЗОНЦИТЕ - еве кои професии се опфатени и колку дена ќе смеат да работат

Објавено во: Економија 08 Декември, 2025 17:04

Добивај вести на Viber

Од први јануари почнува примената на Законот за работно ангажирање лица кој ја регулира областа на сезонското ангажирање и се очекува да влијае на намалувањето на сивата економија, најавува заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Ристески посочува дека во земјава за првпат се воведува ваков закон и дека опфатени ќе бидат студенти, пензионери, невработени, самовработени лица кои може дополнително да заработат, без да ги загубат бенефитите. Опфатени се областите: угостителство, земјоделство и услужни дејности.

- Законот за работно ангажирање лица или, популарно речено, за сезонски вработувања ќе почне да се применува од први јануари 2026 година. Овој  закон е револуционерен и за првпат се носи во нашата држава. Со овој закон се овозможува вработување на невработени, вработени лица, на студенти, пензионери. 

Сите овие лица кои ќе бидат работно ангажирани нема да ги изгубат бенефитите: пенционерите нема да го загубат пензионерскиот статус, студентите- студентскиот, а невработените нема да ги загубат социјалните бенефити. Овој закон е од голема важност и овозможува овие лица да бидат работно ангажирани во три области: во земјоделството, угостителството и во услужните дејности - вели Ристески.

Се очекуваат големи придобивки од законот, а најмногу во намалувањето на сивата економија.

- Со Законот ќе се интензивира борбата со неформалната екномија, односно, работата „на црно“. Ќе има мобилна апликација со која сите работодавци кои ќе ги ангажираат овие лица ќе може во моментот да ги пријавуваат и да ги одјавуваат и, секако, со тоа ќе се овозможат дополнителни приноси за луѓето кои ќе сакаат дополнително да бидат ангажирани за подобрување на економската состојба и на други бенефити - посочува заменик министерот.

Според законот, ангажирањето годишно може да биде од 120 до 180 дена, зависно од дејноста или максимамално до 15 дена во месецот.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден

ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден

„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС

„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НЕМА ПОМОЌНА ИНСТИТУЦИЈА ОД КОМОРАТА, КОЈА ОБЕДИНУВА УСПЕШНИ ЛУЃЕ, ЛИДЕРИ И КРЕАТОРИ НА МИСЛЕЊА“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НЕМА ПОМОЌНА ИНСТИТУЦИЈА ОД КОМОРАТА, КОЈА ОБЕДИНУВА УСПЕШНИ ЛУЃЕ, ЛИДЕРИ И КРЕАТОРИ НА МИСЛЕЊА“

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна

Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна

Макрон се закани со нови царини за Кина

Макрон се закани со нови царини за Кина

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?