Апликации до декември за парите од Програмата за поддршка на руралниот развој
Објавено во: Агробизнис 30 Ноември, 2012 10:09
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска објави повик за користење финансиски средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година за мерките инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства и за преработка и маркетинг на земјоделски производи.
За овие неповратни средства може да аплицираат земјоделски стопанства, трговски друштва, задруги и правни лица кои ќе ги користат за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата. Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од корисникот, а е во висина од 50 проценти од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции, доколку поинаку не е определено. Апликациите се поднесуваат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, до 28-ми декември.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





