Apple може да лансира тестови на 5G мрежа
Објавено во: Свет 30 Јули, 2017
Apple веќе може да стартува тестови на својата 5G технологија откако FCC го одобри нејзиното патентно барање во четвртокот, пренесе Engadget. Така гигантот од Купертино се приклучува на групата на останатите играчи кои веќе развиваат мрежи од новата генерација.
5G се очекува да биде следната голема иновација во светот на технологијата. Се повеќе компании и истражувачи испитуваат начини да ја направат достапна и да го забрзаат нејзиното влегување на пазарот. Компанијата Sprint цели да пушти 5G услуги уште во 2019 година, а T-Mobile во 2020 година AT & T и Verizon исто веќе прават чекори кон новата мрежа.
Карактеристично за ултрабрзата мрежа на Apple е дека таа користи фреквенции во спектарот 28-39GHz. Компанијата се насочила кон милиметарска широкопојасна конекција со повисока фреквенција и помали фреквенциски опсези отколку спектри врз кои T-Mobile и Sprint се фокусирале на своите мрежи.
Предноста на милиметарска технологија е тоа што овозможува поголем пренос на податоци при побрзи брзини на испорака. Овие типови сигнали сепак не можат да поминуваат толку добро во објектите и затоа е потребна директна видливост, што доведува до дополнителни компликации.
Ако Apple е само почеток на овој процес, Facebook, Google, Samsung и Starry веќе некое време веќе работат на неа. Останува да видиме кој кога ќе ја спроведе технологијата и како таа ќе се одрази на потрошувачите.