18 Декември, 2025
0.0478

Aпсењето на Бошкоски се гледа во Кривичниот суд

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2018 10:55

Добивај вести на Viber

Со прегледување видео материјали од камери на МВР денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува случајот „Тортура” на СЈО за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешени министер за вантрешни работи Љубе Бошкоски во 2011 година.

На првата снимка се гледа просторија во МВР каде се внесуваат прибавените докази од апсењето на Бошкоски, а потоа две лица вршат внесување во компјутер на сериските броеви од банкноти во апоени од 100 евра.

Обвинителството, со оглед дека станува збор за пребројување на пари и ништо повеќе од тоа што досега е видено, предложи со цел економичност на постапката да не се изведуваат овие снимки. Одбраната рече дека е против и дека обвинителството требало да мисли кога предложувало докази дали тие се однесуваат на делото или не.

Во судницата се присутни првообвинетиот поранешен директор на УБК Сашо Мијалков и екс првиот човек на единицата Алфи, Ивица Антевски Пуки, како и петмината припадници на единицата.

Судијка е Александра Ристевска, а застапник на обвинението од СЈО е Љубомир Лапе.

Специјалното јавно обвинителство ги гони Мијалков, Антевски и петтмината припадници на „Алфите“ за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избо


Можеби ќе ве интересира

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив