Добивај вести на Viber
Речиси четири месеци нема контролни маркици за малите пакувања на брашно, без кои овој производ не може да се продава во маркетите, алармираат од мелничарската индустрија. Велат дека залихите од брашно се зголемуваат, а со тоа загубите. Мелничарите реагирале и до министерството за земјоделство, но како што велат сеуште не добиле одговор.
-Точно е дека има проблем со издавањето на контролните маркици за малите пакувања на брашно и тоа трае веќе 3 -4 месеци. Реагиравме до министерството за земјоделство но немаме одговор сеуште. Ни се трупаат залихи, а веќе доаѓа и новото производство. Точно дека ние ги баравме маркиците за да се спречи нелегалниот увоз и продажба. Но ние баравме една маркица да важи за сите пакување без разлика дали се работи за пакување од еден или повеќе килограми. Сега без маркици не можеме да го продаваме брашното бидејќи инспекциите ќе не казнат. Затоа реагиравме до надлежните барем во овој период додека не се издаваат контролни маркици да ни дозволат да го продаваме брашното без маркица, вели Николчо Ѓорѓиев, од “Мак-Млин”.
Мелничарите велат дека според нивните информации, за узвоните брашна има контролни маркици. Од дел од поголемите маркети коментираат дека се соочуваат со недостиг на брашно, и дека немаат залихи за продажба.
-Недостигот во нашиот маркет се чувствува, од мелничарските компании не носат брашно, кога ги прашавме ни кажаа дека немаат контролни маркици кои се задолжителни за брашното да може да се продава. Во моментов немаме ниоу доволно залихи за продажба, велат од еден од поголеми маркети во Скопје.
Побаравме став од министерството за земјоделство. Оттаму добивме одговор дека електронската аукција за набавка на маркиците за брашно ќе биде на 26 август, но не добивем објаснување зошто неколку месеци не се издваат контролните маркици за дел помалите пакувања.
-Електронската аукција за набавка на маркиците за брашно ќе биде на 26 август по што ќе се продолжи со нивно редовно издавање, велат од министерството за земјоделсто,шумарство и водостопанство.
Контролните маркици-модел за нелегалниот увоз на брашно
Обврската за контролни маркици за брашното стапи на сила во октомври 2013-та година. компаниите се должни пред да го пуштат брашното во продажба да го означат секое пакување со контролна маркичка.
Според законот контролна маркичка ќе биде поставена на видно место. Маркичката треба да биде читлива и прицврстена или трајно втисната на пакувањето. Контролните маркици важат за домашните производители но и за брашното што доаѓа од увоз. Контролните маркици за брашно се воведоа за заштита на пазарот и на домашните потрошувачите.
Мелничарите велат моделот е ефикасен, но и тогаш реагираа на високата цена на маркиците, со образложение дека со таа цена ќе им се зголемат драстично трошоците.
Увозното пред домашното брашно
Според податоците од Стопанската комора домашните потреби за брашно изнесуваат 13.563 тони месечно или преку 30 илјади тони пченица. 65 проценти од потребното брашно го произведуваат македонските мелници, а остатокот од 35 отсто се увезува. Статистичките податоци покажуваат дека за увоз на жита и житни производи во 20011 година се потрошиле над 75 милиони евра, следната 2012-та за истата намена се одлеале повеќе од 90 милиони евра, а во 2013-та година близу 74 милиони евра. Од 2011 гдоина до лани има пораст увозот на пченица, но многу повеќе на увозот на брашно. Така ако во 2011 година биле увзени 29.947 тони брашно, лани во земјава влегле 40.361 тони брашно. Годинава поради лошите временски услови , производство на пченица е помало за 30-40 отсто. Во најголемата житница Пелагонија која најмногу беше погодена од поплавите приносите беа околи 1,5 тони од хектар. Намаленото производство според упатените ќе значи и поголем увоз на пченица.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: