Добивај вести на Viber
Со повеќе од 200 сончеви денови во текот на целата година, Македонија има идеални услови за производство на основните прехрамбени производи. Но наместо тоа и покрај милионските суми што државата ги издвојува за поддршка и развој на земјодеслтвото, Македонија наместо да го намалува, од година во година го зголемува увозот на храна.
Последните податоци за увоз и извоз од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на првите десет месеци од минатата година се поразителни. Компарацијата е правена за периодот јануари - октомври 2012 година, споредувајќи го со периодот јануари - октомври 2011 година. Увозот на прехранбени производи и пијалоци го достигна врвот и за 10 месеци е зголемен на 616 милиони американски долари, што е повеќе за околу 5 отсто во однос на истиот период во 2011 година. Една од земјите од кои Македонија најмногу увезува храна е Србија. Минатата година, за 10 месеци, увезени се српски прехранбени производи во вредност од 109 милиони евра, а за цела 2011 година сме увезле храна во вредност 124,6 милиони евра. Од Србија најмногу се увезува, пченица, пченка, масло за јадење, брашно, минерална вода, млеко, чоколади.
Сушата го дотолчи македонското земјоделство
Сушата што минатата година го погоди целиот свет вклучително и Македонија, беше силен удар за македонскиот аграр, но проблемите влечат подлабоки корени. Така, домашното производство на млеко и месо зависи од производството на добиточна храна, кое патем покрива само 30 отсто од домашните потреби а во сушни години како минатата и помалку. Тоа доведе до намалување на домашното производство на млеко и месо, каде што состојбата и претходно не беше добра, па сушата беше дополнителен удар. За сметка на тоа се зголеми увозот и одливот на девизи за овие прехрамбени производи. До пред две години домашното производство на свежо свинско месо покриваше повеќе од 85 отсто од потребите, сега проценките се дека едвај половина од пазарот ќе се покрие со домашно производство. Се намали и откупот на сурово млеко, млекарниците работат со половина искористен капаицит, а увозните млека засилено ги завземаат рафтовите во маркетите. Но и покрај овие податоци најавената владина мерка од август минатата година за интрвенирање со евтина добиточна храна преку стоковите резерви, до ден денес не се реализираше.
Експертите алармираат дека увозот на храна во 2012 година споредено со 2011 година пораснал за 20,4 отсто.
-Владата има исплатено 375 милиони евра за субвенции во изминатите шест години и 14,1% е намален извозот на прехрамбени производи во првите шест месеци од 2012 во споредба со 2011 година. Половина од вкупниот извоз на прехранбени производи се сведува на извоз на овошје и зеленчук, најмногу увезуваме месо и преработки на месо и долгорочно гледано во последните 11 години извозот за повеќе од една деценија сме го зголемиле за 308 милиони долари, а истовремно за увоз на храна сме потрошиле 450 милиони долари, вели професор
д-р Татјана Прентовиќ, од Факултетот за земјоделски науки и храна
Според дел од експертите проблемот е во погрешниот модел на распределба на субвенциите, поради што и владината поддршка не дала ефект. Политиката на субвенционирање во преден план го има социјалниот аспект, вели Прентовиќ.
-Наместо да се даваат пари за предадено количество млеко, пченица или грозје треба да стимулираат изградба на преработувачки капацитети од конзервна индустрија, а аграрната политика да се насочи кон производство на производи со додадена врендост, а не кон суровини, што значи конзервната и преработувачката индустрија треба многуи повеќе да се стимулираат. Да се воспостави мониторниг систем за контрола на ефектите од трошењето на априте. Земјоделските субвенции да се насочат кон профитабилни и пазарни ориентирани производители и претпријатиа за целата политика да има развојна компонента, објаснува Прентовиќ
Но дел од агробизнисмените пак тврдат дека ако не биле владините субвенции Македонија ќе немаше сериозно земјоделско производство..
- Што се однесува до извозот на земјоделските производи од Македонија, тој од 130 милиони евра, благодарение на субвенциите за една година е зголемен на 430 милиони евра. Во структурата на увозот на храна во Македонија најголем дел учествуваат производи што не се произведуваат во Македонија, како што се чоколадото, кафето и ред други производи, вели
Огнен Оровчанец, претседател на Агробизнис комората при Сојузот на стопански комори на Македонија.
И во следните години милионски субвенции, но дали ќе дадат ефект?
Вкупно 700 милиони евра се предвидени со петгодишната стратегија за земјоделството или по години, за 2012 година беа 130 милиони евра, оваа година се предвидени 135 милиони евра, 140 милиони евра се планирани за 2014 година, а од 2015 до 2017 година субвенциите ќе бидат 150 милиони евра. Ефектот допрва ќе треба да се види, иако експертите велат дека се работи за долготраен процес. Според дел од агорекономистите досега субвенциите не се делеа плански, не се случи окрупнување на земјоделските стопанства. Субвенциите најчесто се делеа стихикно и по партиска линија, а Македонија и понатаму остана суровинска база. Затоа овие милионските суми не си ја одиграа улогата за која се наменети, да го зголемат производството и извозот и да создадат стабилно тло за развој на аграрот. Затоа не се добри податоците од Народната банка, според кои дефицитот во увозот на храна на годишно ниво изнесува околу 300 милиони долари во 2011, и е поголем за 130 милиони долари во однос на 2006- та година.
Ј.С
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.