АПСУРДИ ВО АГРАРОТ: Милиони евра за субвенции, а увозот на храна расте!
Објавено во: Агробизнис 01 Јули, 2015 08:11
| ИЗВОЗ | УВОЗ |
| 2012 2013 | 2012 2013 |
| Храна и живи животни 339.618 365.272 | 681.495 681.619 |
| Живи животни 3.740 2.342 | 3.461 2.899 |
| Месо и преработки од месо 39.283 37.270 | 160.459 169.896 |
| Млечни произ. и птичји јајца 11.290 9.520 | 56.132 58.797 |
| Риби (освен морски цицачи) 7.661 5.657 | 23.225 23.142 |
| Жита и преработки од жита 58.943 67.397 | 116.732 97.592 |
| Зеленчук и овошје 175.434 193.841 | 77.994 83.874 |
| Шеќер, прер.од шеќер и мед 11.044 11.851 | 64.977 57.407 |
| Кафе, чај, какао, зачини 13.747 14. 668 | 78.482 78.216 |
| Добиточна храна (без жита) 1.219 1.910 | 27.341 32.782 |
| Разни произ.за исх. и прераб. 17.258 20.817 | 72.692 77.014 |
| Пијалаци и тутун 237.722 270.094 | 74.002 78.009 |
| Пијалаци 91.359 87.987 | 37.208 39.769 |
| Тутун и производи од тутун 146.364 182.107 | 36.794 38.239 |
| Површина на основни земјоделски култури |
| 2004 2009 2014 |
| Пченица 101.321 88.151 76. 686 |
| Јачмен 44.739 48.622 41.157 |
| Тутун 17.716 17.800 17.756 |
| Домати 5.972 5.731 5.720 |
| Јаболки 3.625 4.049 3.776 |
| Грозје 88.840 75.228 84.481 |
Во последните седум години статистиката регистрира пораст на извозот на земјоделско-прехрамбени производи, но и позабрзан тренд на увозот на земјоделски производи. И покрај финансиската поддршка, според податоците од Националната стратегија за земјоделство, увозот на земјоделско-прехрамбени производи од 2008 година до 2013 година се зголемил за 120,5 милиони евра.
Причината за зголемениот увоз на земјоделски производи наспроти милионските субвенции, земјоделците и агроекспертите ја лоцираат во неколку сегменти: недоволна едукација на земјоделците како ги да ги искористат парите, погрешна распределба на средствата шп сектори, нецелосна реализација на планираните суми за субвенции и партиската распределба.
Во еден од своите извештаи Светска банка посочува дека е добро што субвенциите се зголемуваат, но како проблем го наведува тоа што најголем дел од субвенциите се наменети за секторите со низок потенцијал за извоз. Екскпертите од Светска банка во последниот извештај посветен на македонското земјоделство, укажуваат дека иако извозот на зеленчук и овошје, учествува со голем процент во вкупниот извоз, сепак не добива доволно од колачот за финансиска поддршка на земјоделското производство.
Т.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





