Арафат Муареми за ТВ21: Не сум во бегство
Објавено во: Македонија 17 Април, 2022 15:11
Директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми во телефонска изјава за ТВ21 ги демантираше написите на некои онлајн медиуми дека е во бегство. Муареми рече дека таквите пишувања се прават за да се наруши неговиот углед.
„Не, не сум во бегство. Ваквите написи се дезинформации од портали блиски до опозицијата“, изјави кусо Муареми за ТВ21.
Инаку, во некои онлајн медиуми, утринава се пишуваше дека директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми го искористил годишниот одмор за да избега од Македонија по предупредувањата на Обвинителството за организиран криминал и корупција дека ќе има голема акција .
Емисијата „Код“ пред денови објави дека државниот правобранител поднел кривична пријава против обвинителите Артан Ајро и Гаврил Бубевски (поранешни обвинители на Специјалното јавно обвинителство), против Арафат Муареми (поранешен истражител на ПСП и актуелен директор на Финансиската полиција) и против осудениот Сеад Кочан (сопственик на Трансмет и осуден во случајот Труст) за нереализираната конфискација на Трансмет.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




