20 Декември, 2025
0.0552

АРБЕН ХАЛИЛИ : Декриминализација на институциите треба да биде приоритет на идната Влада

Објавено во: Македонија 19 Март, 2017 21:19

Добивај вести на Viber

Економскиот аналитичар Арбен Халили  смета дека стопанството уште долго време ќе ги чувствува последиците од политичката криза. Според поранешниот извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија ако во најскоро време не се формира  Влада тоа ќе значи дополнителни години за закрепнување на економијата .  „Ние ги изгубивме сите чекори со земјите од регионот, застој во процесот на евроинтеграциите, застој во зачленувањето во НАТО, сега стануваме и политички нестабилна, а доколку се продолжи уште малку со ова, за жал за никој веќе нема да биде добро“, проценува Арбен Халили.

Арбен Халили: Кризата во севкупниот развој на економските активности во земјата за жал уште многу време ќе се чувствува. Бизнис заедницата, пред се домашната но без сомнение и странската, последните две години е заложник на политичката нестабилност. Тоа значи дека секој нов ден продолжување на политичката несигурност, ќе подразбира нови дополнителни години за закрепнување на економијата.

МАКЕДОНИЈА  ГО ИЗГУБИ ПРИМАТОТ  НА ЗЕМЈА ЛИДЕР ВО РЕГИОНОТ

Арбен Халили:  Доколку во брзо време не се формираат државните институции односно Собраниетои и Владата, тоа ќе значи дека Македонија ќе го изгуби и последниот примат споредбено со другите земји од регионот, кој е земја со најповолни услови за развој на бизнис, показател кој последните години ја рангира земјата на високи нивоа, како што е Doing Business 2016. Ние ги изгубивме сите чекори со земјите од регионот, застој во процесот на евроинтеграциите, застој во зачленувањето во НАТО, сега стануваме и политички нестабилна, а доколку се продолжи уште малку со ова, за жал за никој веќе нема да биде добро.

ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈА  НА ИНСТИТУЦИИТЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ПРИОРИТЕТ НА ИДНАТА ВЛАДА

Арбен Халили: Идната Влада прво мора да се фокусира кон декриминализација на државните институции. Стопанството не може да се закрепи ако продолжува политичката агонија. Ако се успее да завладее правото во сите полиња, убеден сим сека стопанството ќе може полесно да се врати на својот пат.

Разговараше Горазд ЧОМОВСКИ

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки