20 Декември, 2025
0.0748

АрцелорМиттал Скопје со барање до инволвираните страни за поскоро изнаоѓање на решение за завршување на штрајкот на Македонски Железници

Објавено во: Мои пари 02 Март, 2017 12:27

Добивај вести на Viber

По речиси две недели од штрајкот на Македонски Железници кој доведе до целосна блокада на железничкиот транспорт во земјата, од АрцелорМиттал Скопје соопштуваат дека се сериозно погодени од случувањата.  Повеќе од 22.000 тони репроматеријал е во транзит кон Скопје, но испораките од Грција и Србија се блокирани од петокот, 17ти февруари. Досега, последици беа регистрирани со доцнење на планираната кампања за производството  како и големи трошоци и пенали за лежарина, но доколку штрајкот не прекине веднаш, ќе следува целосен прекин на производството. Загубите ќе влијаат не само на АрцелорМиттал туку и на голем број крајни корисници низ регионот на целиот Балкан  кои ќе ги добијат нарачаните ладновалани, пластифицирани и поцинкувани лимови со значителни задоцнувања. Оттука, за компанија која е во голема мера ориентирана на извоз, по повеќе години на успешен раст постои сериозен ризик од негативни последици на пазарот.

Уште од почетокот на штрајкот, АрцелорМиттал е во комуникација со инволвираните страни, вклучувајќи ги МК Железници, Синдикатот и сите надлежни владини институции, од каде биле уверувани дека е неизбежно доаѓањето до решение, но до ден денес нема никаков напредок и сега постои ризик од уште поголеми последици. Од компанијата бараат гаранција за овозможување и најмала услуга од МК Железници.

Додека многу компании целосно се пренасочија кон камионски превоз, АрцелорМиттал е еден од неколкуте преостанати големи индустриски корисници на Македонски Железници, кој овозможува значителни количини, годишен пораст и навремени исплати.

Во секоја демократска држава, штрајкот е правна и неопходна алатка – меѓутоа, ниеден штрајк не треба да влијае на одржливоста на индустрискиот сегмент. Доколку успешни бизниси сносат последици како трети страни, во ваков предизвикувачки пазар целата земја губи конкурентност и на крај тоа е на штета на сите Македонски граѓани.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии