28 Ноември, 2024
0.0264

Аргентина предлага даночна амнестија за инвеститорите со непријавени средства

Објавено во: Свет 08 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Владата на Аргентина прогласи даночна амнестија за граѓаните кои вложуваат свои непријавени пари во националната економија, пренесоа светските агенции.

Граѓаните кои имаат долари можат да ги легализираат преку купување инфраструктурни обврзници, а добиените средства ќе се искористат за изведување енергетски проекти, соопштија аргентинските власти, цитирани од руските медиуми.

Владата предложи и варијанта да се купуваат сертификати на Централната банка, чии приходи ќе се искористат за изградба.

- Се надеваме дека овие мерки ќе ги убедат луѓето, кои имаат непријавени средства во долари, да ги искористат за инвестиции во „транспарентни“ финансиски инструменти, изјави министерот за економија Ернан Лоренсино.

Мноштво Аргентинци традиционално претпочитаат заштедите да ги чуваат во долари, додека истовремено во земјата е активна забраната за купување на американската валута.

Мноштво експерти, меѓутоа, се скептични кон предлогот на властите.

-Проблемот не е што луѓето не знаат што да прават со доларите, туку што ја избегнуваат националната валута - песото, забележува поранешниот гувернер Родолфо Роси.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МРТВИ ТЕЛА БРОИ ХЕЗБОЛАХ ПО ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ: Израел ја срамни со земја организацијата и го уништи Либан

МРТВИ ТЕЛА БРОИ ХЕЗБОЛАХ ПО ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ: Израел ја срамни со земја организацијата и го уништи Либан

45 ХИРОШИМИ, ТОЛКУ Е МОЌЕН ОРЕШНИК СО НУКЛЕАРНИ ГЛАВИ ОД 900 КИЛОТОНИ: „За 11 минути е во американската база“

45 ХИРОШИМИ, ТОЛКУ Е МОЌЕН ОРЕШНИК СО НУКЛЕАРНИ ГЛАВИ ОД 900 КИЛОТОНИ: „За 11 минути е во американската база“

ТРАМП СЕ ОДЛУЧИ – ВЕТЕРАНОТ ОД ВИЕНТАМ ЌЕ ИМА ЗАДАЧА ДА ЈА ЗАПРЕ ВОЈНАТА МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА: Ова е планот на генералот Кит Келог

ТРАМП СЕ ОДЛУЧИ – ВЕТЕРАНОТ ОД ВИЕНТАМ ЌЕ ИМА ЗАДАЧА ДА ЈА ЗАПРЕ ВОЈНАТА МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА: Ова е планот на генералот Кит Келог

УКРАИНА НЕ ПОПУШТА: Јермак откри под кои услови би преговарале со Русија

УКРАИНА НЕ ПОПУШТА: Јермак откри под кои услови би преговарале со Русија

(ВИДЕО) ЛУЃЕТО ПОЧНАА ДА СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Либанците слават поради примирјето со Израел

(ВИДЕО) ЛУЃЕТО ПОЧНАА ДА СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Либанците слават поради примирјето со Израел

ГО ПОФАЛИ ДЕКА ПОМОГНАЛ НА УКРАИНА: Украински пратеник го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

ГО ПОФАЛИ ДЕКА ПОМОГНАЛ НА УКРАИНА: Украински пратеник го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

ПУТИН ЈА ПОДГОТВУВА „КРАЛИЦАТА“: Моќниот „Сармат“ се става во оперативна готовност

ПУТИН ЈА ПОДГОТВУВА „КРАЛИЦАТА“: Моќниот „Сармат“ се става во оперативна готовност

ГЕРМАНИЈА СТАНУВА РИГОРОЗНА КОН АЗИЛАНТИТЕ: планира да депортира 16.000 мигранти во Хрватска, авионите веќе пристигнуваат

ГЕРМАНИЈА СТАНУВА РИГОРОЗНА КОН АЗИЛАНТИТЕ: планира да депортира 16.000 мигранти во Хрватска, авионите веќе пристигнуваат

БРИТАНИЈА ТАЈНО ДОСТАВИЛА РАКЕТИ НА КИЕВ: Колку „Сторм Шедоу“ имаат на располагање?

БРИТАНИЈА ТАЈНО ДОСТАВИЛА РАКЕТИ НА КИЕВ: Колку „Сторм Шедоу“ имаат на располагање?