АРГЕНТИНА СЕ ПРЕМИСЛИ: Не сака да биде дел од БРИКС
Објавено во: Економија 01 Декември, 2023 20:23
Јужноамериканската држава Аргентина нема да биде дел од БРИКС.
Новата министерка за надворешни работи Дијана Мондино, денеска изјави дека нејзината земја нема да се приклучи кон групата земји во развој БРИКС, иако претходната влада тоа помпезно го најави.
Аргентина беше една од шесте земји кои беа поканети да станат нови членки на блокот на годишниот самит во Јоханесбург во август. БРИКС во моментов го сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Медиумите потсетуваат дека годинашната покана за членство во БРИКС, аргентинскиот претседател Алберто Фернандез помпезно ја прослави. Рече дека станува збор за „одлична можност“.
„Ги отвораме можностите за приклучување кон нови пазари и консолидирање на постојните, како и зголемување на инвестициите, отворање работни места и зголемување на увозот“, рече тогаш Фернандез.
Меѓутоа, Политико истакнува дека претседателот Милај, кој беше избран во ноември, вети дека
драматично ќе ја промени надворешната политика на Аргентина, вклучувајќи ги и нејзините
односи со двата главни трговски партнери и основачите на БРИКС, Бразил и Кина. Милај го нарече бразилскиот лидер Луис Инасио Лула да Силва „лут
комунист“, а остро ја критикуваше и Кина. Воедно, се закани дека ќе ги прекине врските.
Можеби ќе ве интересира
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност




