26 Ноември, 2024
0.0363

АРГЕНТИНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МУ ПИШАЛ И НА ПУТИН: Зошто не сакаат да бидат дел од БРИКС?

Објавено во: Економија 30 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Аргентина официјално го одби повикот да се приклучи на БРИКС. 

Новиот аргентински претседател Хавиер Милеј ја отфрли геополитичката блискост со Кина и Русија, а пред неколку дена на рускиот и кинескиот колега, Владимир Путин и Си Џинпинг, им пратил писмо во кое ги известува дека Аргентина се повлекува од мултилатералниот форум БРИКС.  Шефицата на аргентинската дипломатија, Дијана Мондино, кон крајот на ноември изјави дека таа земја нема да се приклучи кон организацијата БРИКС.

Аргентинскиот претседател разговарал за оваа одлука со бразилскиот колега Лула да Силва, Нарендра Моди од Индија и јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса, пренесува „Infobae“.

На организацијата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) се приклучила Аргентина на самитот кој беше одржан во Јоханесбург кон крајот на август.

Аргентина месецов ја девалвира својата валута и ги намалува субвенциите. Државата објави остра девалвација на својата валута и намалување на субвенциите за енергија и транспорт, како дел од шокантните мерки за кои новиот претседател Хавиер Милеи вели дека се потребни за справување со економска „вонредна состојба“. Министерот за економија Луис Капуто во телевизиска порака рече дека аргентинскиот пезос ќе биде девалвиран за 50 отсто на 800 пезоси за американски долар од 400 пезоси за долар.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред неколку дена кажа дека Аргентина ќе размисли за членство во БРИКС. Но, одговорот е негативен.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија