26 Ноември, 2024
0.0282

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Објавено во: Економија 26 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Вранец Тероар 2020 Гранд Резерва, од Винарија Камник, доби трофеј за Најдобро автохтоно црвено вино, а PureElegance 2023 е добитник на трофеј за Најдобро розе винона саемот Винска визија на Отворен Балкан. Покрај трофејните признанија, на овој натпревар Винарија Камник се здоби и со дополнителни два платинум, четири златни медали и десет други медали. Со овие награди, Винарија Камник доби уште една меѓународна валоризација за создавање премиум вина.

Во склоп на саемот што се одржа изминатиот викенд во Белград, беа оценувани над илјада вина од меѓународно реномирани вински судии, вклучувајќи седум MastersofWine, под претседателство на Каролин Гилби MW, експерт за балкански вина и вина од Југоисточна Европа.

„Во овие 20 години постоење, вештината и знаењето во создавањето софистицираност и елеганција изразени во сегментот на премиум вина, Винарија Камник ги издигна до највисоко ниво и потврда за тоа се бројните награди и освоени трофеи. Токму овие признанија ја даваат дополнителната вредност на нашите вина, кои што се почесто се дел од винските листи на бројни ресторани во регионот, Европа и пошироко на странските пазари, и на тој начин го промовираат и македонското виногорје и квалитетните вина што ги имаме. За успехот создаван 20 години најзаслужен е целиот тим на Винарија Камник кој безрезервно е посветен на развојот на врвни вина“, велат од Винарија Камник.

Винаријата Камник е еден од најуспешните македонски производители на вино и оваа година одбележа 20 години јубилеј, посветени на уметноста на создавање исклучителни вина. Во овој период Винарија Камник го изгради реномето и лидерската позиција во производство на висококвалитетни премиум вина со повеќе од 25 различни етикети од сортите Syrah, Merlot, CabernetSauvignon, CabernetFranc, Carmenere, Montepulciano, Sangiovese, PinotNoir, Vranec, PinotGrigio, Chardonnay, SauvignonBlanc, MuscatPetitGrain, MoscatoGiallo, Viognier, Greco di Tufo.

Во производството на своите вина, Винарија Камник применува иновативни енолошки процеси, во комбинација со традиционални техники. Приоритетно во создавање на вината на Камник е зачувување на автентичноста и уникатноста на македонскиот тероар. Со внимателното следење на процесот на зреење во буриња од француски и американски даб, Винарија Камник создава вина кои содржат единствени зачински ноти и елегантни, софистицирани вкусови.

Со значителните инвестиции во модернизирање на производствената технологија и во капацитетот, Винарија Камник достигна до годишно производство од 300 000 литри вино, и преработува повеќе од 500 тони грозје кои созреваат во 500 дабови бурињаи дополнителни дабови танкови од поголем капацитет. Винаријата располага со 40 хектари сопствени лозови насади, дел од кои се и 22 хектари на единствена локација, на 550 метри надморска височина, на микролокацијата Војница, каде што созрева исклучително ароматично и богато концентрирано грозје.Винаријата Камник изминатите години успеа да воспостави извозни релации со регионот, Европа, САД, Кореа, Бразил. 

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач