19 Декември, 2025
0.3740

Архитект Радован Раѓеновиќ ја доби наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2016 12:14

Добивај вести на Viber

Годинава наградата „Андреја Дамјанов“  за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството, ја доби долгогодишниот архитект Радован Раѓеновиќ. 

Неговото богато твроештво содржи проекти за објекти и урбани интервенции  различни по својата функција и големина, но единствени по современиот архитектонски израз кој го практикува Раѓеновиќ. Од Асоцијалцијата на архитекти на Македонија велат дека Раѓеновиќ е дел од генерацијата македонски архитекти кои оставаат значаен печат на македонската архитектура на крајот на дваесеттиот и почетокот на дваесет и првиот век.


„Раѓеновиќ е еден од ретките архитекти кои успеаја да останат верни на сопствениот архитектонски израз и покрај општествените, социјалните и културолошките превирања во Македонија во последните 30 години.

Целокупното знаење и искуство, кое Радован Раѓеновиќ го стекнува како архитект во и надвор од Македонија, несебично ги пренесува на секој млад архитект. Раѓеновиќ е активно вклучен во архитектонскиот дискурс не само преку работата како проектант, за која и ја заслужува оваа награда, туку и како член на Асоцијацијата на архитекти кој постојано се грижи за унапредувањето на македонската архитектура“, вели Мартин Пановски, претседател на Асоцијацијата на архитекти.

Проектите и реализациите во областа на станбената архитектура, туризмот и угостителството, спортот, администрацијата, индустријата и културата изработени и потпишани од Раѓеновиќ, се сретнуваат не само во земјава туку и во странство како во Црна Гора, Србија, Украина, Чешка, Ирак, Грција, Либија, Азарбејџан, Казахстан, Русија. 

„За комплексот „Запољарје“ во Сочи, Русија, архитект Радован Раѓеновиќ е носител на признанието од Сојузот на друштвата на архитекти на Македонија за афирмација на македонската архитектура во странство во 1981/82 година и диплома за труд од областа на урбанизмот, проектирањето, ентериерот и дизајнот во 1985 година. За меморијалниот комплекс „Споменикот на слободата“ во Кочани, како коавтор, со Глигор Чемерски,  архитект Радован Раѓеновиќ е носител на повелбата Почесен граѓанин на Кочани“, посочува Мартин Гулески Претседател на Комисијата на ААМ за доделување на наградата „Андреја Дамјанов“.

Академик Глигор Чемерски вели дека е тешко да се избројат, општините, градовите и државите во кои Раѓеновиќ оставил неизбришливи траги.

„Неговите дела се остварени или се во изведба во Скопје, Струга, Струмица, Велес, Маврово, Митрашинци, Дојран, Кочани, Охрид, Будва, Солун, Прага, Сочи, Софија, Лавов, Новокузњецк, Рамади. Конечно, во Москва, каде што, како и во Сочи, се реализирани можеби најимпозантните и најсилните архитектонски остварувања на Ратко Раѓеновиќ. Набројувањата не се случајни. Бројките, како и градовите и државите се идентични со решавачките точки во просторот и со самиот простор, без кој, инаку архитектурата не би постоела. Раѓеновиќ во тој простор се движи со исклучителна сигурност“, посочува академик Чемерски.

Престижната награда за животно дело “Андреја Дамјанов” се доделува веќе 27 години, а ја имаат добиено 27 архитекти кои се членови на архитектонската Академија при Асоцијацијата на архитекти, а чии што  објекти се распространети низ цела Македонија и во странство. Оваа награда се доделува еднаш годишно на видни архитекти кои со своето дело, опус и авторитет постигнале врвни резултати во полето на архитектонското проектирање, градителство и урбанизам и со тоа придонеле за афирмацијата на архитектурата како во Република Македонија така и во меѓународни рамки. Наградата е воспоставена во 1989 година, тогаш наградата ја добил архитектот Крум Томовски.

Т.С

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки